Зошто да мигрирам

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вашата инсталација на системот кој моментално го користите работи сосем добро, па зошто би се грижеле за GNU/Linux? Добро прашање.

Има многу причини зошто да мигрирате на GNU/Linux. Издвојуваме неколку:

Вируси и шпионски софтвер

GNU/Linux не е ранлив на вируси и шпионски софтвер како што е случајот со Windows. Ова е заради многу побезбедниот дизајн на системот. Замислете, не терба да се грижите дали ќе се заразите со вирус или дека ќе отворите некоја заразена порака на вашата е-пошта! Чувствувајте се сигурни кога го користите Вашиот компјутер!

Безбедност и стабилност

GNU/Linux има стабилен, сигурен и безбеден дизајн. Поради слободната природа на системот и софтверот, секој сигурносен пропуст се поправа на многу лесен и брз начин. Светските најдобри програмери и илјадници други корисници допринесуваат за развој на програми кои секојдневно ги користите со што се добиваат секојдневно подобрувани и надоградувани верзии. И во случај да одредени апликации се однесуваат чудно или „паѓаат“, GNU/Linux како систем речиси и да не паѓа целосно. Тоа доведува до максимална искористеност на Вашиот компјутер. Нема потреба повеќе од синдромот на рестартирање и повторни обиди. Често овие ситуации се решаваат брзо користејќи алатки достапни во GNU/Linux наместо купување на дополнителен софтвер кој не доаѓа со самиот систем. Можете да пристапите до корисните записници (лог датотеки) и ако имате познавање дури и до самиот изворен код на софтверот, притоа да ја искористите прекрасната заедница на луѓе кои сакаат да Ви помогнат. Користењето на GNU/Linux Ви дава целосна контрола врз Вашиот систем при што можете со сигурност да знаете дека Вашиот софтвер е сигурен, безбеден и ќе постои засекогаш. Безбедносните закрпи се секогаш достапни со што нема потреба да се грижите за тоа што Microsoft веќе нема да нуди поддршка за вашата верзија на некој софтвер или самиот оперативен систем. Исто така нема потреба да плаќате за надоградби.

Справување со пакети

Можете да пребарувате и инсталирате софтвер на вашиот GNU/Linux систем со помош на една едноставна апликација. Без да пребарувате датотеки на Интернет или да „талкате“ низ CD-ња што сте ги добиле по пошта или од другари, само кликнете „инсталирај“ и гледајте како GNU/Linux ги симнува и инсталира бараните датотеки од Интернет за Вас. И не само тоа, Вие можете многу лесно и да го надоградувате веќе инсталираниот софтвер. Така, без разлика дали е безбедносна закрпа, нова верзија на OpenOffice.org или целосно нова верзија на јадрото на системот, се е направено беспрекорно лесно. И што е најважно, тоа што софтверот е слободен значи дека можете да му верувате на софтверот кој го инсталирате.

Можности

GNU/Linux е секогаш во предност кај компјутерските технологии и иновации. Не е ограничен со комерцијален развој, па на луѓето им е дозволено да бидат креативни и иновативни. Некои примери за тоа каде GNU/Linux има вклучено можности пред Windows се: елегантни 3D ефекти за вашата работна околина со користењето на Xgl и Beryl; ТВ и мултимедијален центар преку MythTV; пребарување низ системот со Beagle; додатоци за вашата работна околина со superkaramba и многу други. Плус, GNU/Linux е слободно достапен за сите уште веднаш!

Компатибилност

GNU/Linux работи на се. Впрочем, тоа е систем со најмасовна поддршка за хардверски компоненти што постои! Од најнови компјутери па се до многу стари конфигурации кои можеби и ќе ги фрлевте ако не откриевте дека на нив можете да користите GNU/Linux. Со GNU/Linux можете да прелистувате Вебсајтови на Интернет, да гледате филмови, слушате музика, да пристапите до податоците на Вашата дигитална камера/апарат, да го користите Вашиот скенер итн. Можете да праќате е-пошта, да создавате документи компатибилни со Windows системите.

Слободен

GNU/Linux е слободен софтвер. Ова можеби и не значи многу за Вас ако не сте програмер, но дури и да сте само краен корисник, можете слободно да му верувате на софтверот кој го користите (видете го поглавјето 'Што е слободен софтвер?' за повеќе информации. Слободниот софтвер добива на популарност низ целиот свет. Сега е добро време да започнете да ги учите новите вештини на користење слободен софтвер.

Бесплатен

Можеби мислите дека Windows на Вашиот компјутер дојде бесплатно кога купивте компјутер, но верувајте, Вие плативте за тоа (освен ако користите пиратска верзија). GNU/Linux и слободниот софтвер не само што е слободен, тој најчесто е и бесплатен. Заборавете на пиратски софтвер! Од целосни канцелариски пакети до мултимедијални програми и Интернет апликации, слободниот софтвер кој доаѓа со GNU/Linux не само што е целосно поддржан, туку и не чини ни денар.

Лесен и интуитивен

Едноставна 20 минутна инсталација на GNU/Linux ќе го инсталира сиот софтвер и конфигурира сиот хардвер наеднаш! Нема потреба да барате драјвери и да врвите низ фрустрациите на инсталирање купови софтвер. Кога еднаш GNU/Linux ќе го инсталирате ќе видите дека е многу едноставен и лесен за користење. GNU/Linux се подобрува постојано од луѓе кои знаат да ја искористат слободата да прават измени во софтверот. Овие измени се достапни за секој кој сака да ги осети придобивките.

Избор и контрола

GNU/Linux Ви дава целосна контрола со тоа што Ви нуди избор. Избор за тоа каков софтвер ќе користите и како ќе го користите. Не мора да се грижите дека ќе заглавите со една одредена програма или начин за завршување одредена работа. Постојат илјадници слободни програми достапни за вас да ги инсталирате со еден клик! Можете да го прилагодите интефејсот на Вашите потреби и вкус, или да изберете различни GNU/Linux дистрибуции дотсапни на мрежата. GNU/Linux е флексибилен и Ви допушта да направите систем кој ќе работи! Најдете или создадете нешто што ќе Ви одговара!

Заедница

Секој кој користи GNU/Linux го прави тоа затоа што избрал да го прави тоа, не затоа што морал. Луѓето го развиваат GNU/Linux заради нивната желба, не заради тоа што бараат пари или акции на пазарот! Тоа се работи кои се прават со вистинска причина. Луѓето секогаш сакаат да им помагаат на другите со што GNU/Linux стана глобално достигнување. Заедницата на GNU/Linux е составена од луѓе како Вас и претсавува прекрасен свет од кој можете да бидете дел и самите Вие.

Забава!

GNU/Linux е забавен за користење. Замислете дека повторно уживате кога го користите Вашиот компјутер! Има нешто што го прави GNU/Linux навистина прекрасен од кое дури и луѓето кои не користат компјутери можат да се импресионираат.