КуќенРед-ПредлогПромени

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Почитување на куќниот ред е неопходен услов за успешно функционирање на Хаклабот.

КУЌЕН РЕД

  • КИКА е отворен простор.
  • Пушењето е забрането.
  • По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото ѓубре и фрли го! Оддржувај го просторот чист!
  • Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата [2s.mk-friends].
  • Дежурниот е задолжен за спроведување на куќниот ред и може да ги предупреди членовите и посетителите на хаклабот доколку го прекршуваат куќниот ред. Во крајна инстанца дежурниот има право и обврска да ги замоли членовите/посетителите да го напуштат хаклабот доколку го прекршуваат ќуќниот ред и со тоа го оневозможуваат нормалното функционирање на хаклабот. Дежурниот е должен сите инциденти да ги пријави на наредниот состанок на хаклабот КИКА - во отсуство на дежурниот, сите останати присутни членови имаат обврска да го заменат дежурниот и да се осигураат дека не се пореметува работната атмосфера.
  • Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење.
  • Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите. Ова не вклучува седење и пиење пиво и галамење, хаклабот е простор за работа и дружење но ако сакаш да да пиеш алкохол со твоите пријатели и да се забавуваш оди во некој од околните кафичи/кафани, дружењето не смее да се одвива на штета на работната атмосфера.
  • Се охрабрува активно учество на сите членови и посетители во тековните активности на хаклабот, секако можеш да седиш и да набљудуваш но сигурно има нешто околу кое што можеш да помогнеш, прашај слободно, понуди ја твојата помош.
  • Прочитај го упатството за фер користење на мрежата во хаклабот и секогаш користи HTTPS.
  • Членарината е задолжителна за членовите. Члeнарината не е задолжителна за останатите посетители. Кој сака, уплаќа по 20 евра. Членарината се собира од 20ти до 27ми во месецот. Парите се трошат за кирија и функционирање на хаклабот.
  • Тој што плаќа членарина станува член. Членовите имаат пристап до хаклабот 24x7.
  • Посетител кој што со посебен интерес и активности придонесува во работата на хаклабот а не е во можност да плаќа членарина може да биде изгласан за член.
  • Се очекува од сите членови и посетители да го почитуваат куќниот ред на зградата (без галама после 22.00ч).
  • За примањето и отстранувањето на нови членови на хаклабот КИКА се одлучува на редовните состаноци за хаклабот.
  • Секој член може да биде отстранет поради недолично однесување и прекршување на едно или повеќе од правилата во куќниот ред.