Оперативен систем

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Оперативен систем е множество на компјутерски програми кои се справуваат со хардверски и софтверски ресурси на компјутерот. Оперативниот систем е сиров систем на процеси и кориснички влез, и одговара на барањата преку алокација и справување со задачите кои му се зададени, преку интерните системски ресурси, со што се даваат услугите на корисникот кој ги бара од системот. Во основа, оперативниот систем извршува основни задачи како контрола и алокација на меморија, приоритет на системските побарувања, контрола на влез и излез на уредите, справување со мрежни и датотечни системи итн. Повеќето оперативни системи доаѓаат со апликација која овозможува интерфејс за ресурсите за кои се грижи самиот систем. Овие апликации имаат интерпретатори на командна линија како основен кориснички интерфејс, но во поново време се имплементираат графички интерфејси за олеснување на работата на корисниците. Оперативните системи, како такви, немаат интерфејс, такашто корисникот не ни може да го види самиот систем. Она што корисникот го гледа е интеракција на школката или графичкиот интерфејс со пониските нивоа на работа на системот. Оперативниот систем формира основа за друг системски и апликативен софтвер. GNU/Linux, Windows и Mac OS, се некои од најпопуларните оперативни системи.