Правила за преведување на KDE

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Симнување и инсталирање на преводот

За да може да преведувате, потребно е да ги симнете и да ги инсталирате датотеките со преводите на КДЕ. Упатства за ова има на интернет-страницата на мКДЕ.

Општи упатства за преведување на КДЕ

Документот The KDE Translation HOWTO содржи општи правила и насоки за преведување на графичката околина, како и за преведување на документацијата. Задолжителна литература, посебно третото поглавје (за превод на графичката околина).

Уредување на датотеките

Датотеките со преводите може да ги уредувате и со обичен уредувач на текст, при што треба да знаете дека .po датотеките се со кодирање utf-8. За да си ја олесните работата, препорачливо е да ја користите програмата КБабел. Тука имате упатство за работа со КБабел.

Конфигурациски параметри специфични за КДЕ

Во дијалогот за конфигурација на проектот (во Менаџерот на каталози, „Проект -> Конфигурирај“), во одделот „Идентитет“ задолжително внесувате податоци за Вас. Важно е во полето „Име“ да стои Вашето име, напишано на латиница, а во полето „Локализирано име“ да стои кириличната верзија. Во полето „Е-пошта“ ја внесувате Вашата адреса за електронска пошта. Во полето „Цело име на јазикот“ внесувате „Macedonian“ (не „Makedonski“ или „Македонски“...), код на јазикот е „mk“, а поштенската листа е „mkde-l10n@lists.sourceforge.net“. Бројот на форми за еднина/множина е три.

Kbabel catman projparam.png.


Коментари и забелешки

Ова што следува се коментари и забелешки што може да се искористат за поуспешно преведување на графичката околина KDE:

  • Во секој модул има по една датотека (или повеќе) што почнува со desktop_ (desktop_kdebase.po, desktop_kdelibs.po ...). Тоа се специјални датотеки од кои потоа се генерираат датотеки што завршуваат со .desktop (пр. во $KDEDIR/share/applications/kde). Во датотеките desktop_ секоја порака започнува со „Name=“ или „Comment=“ или „GenericName=“ (или „Keywords=“) (мислам дека нема други комбинации). Бидејќи овие се специјални клучни зборови (погледнете некоја desktop_ датотека) и во датотеката фигурираат како „Name[xx]=“, „Comment[xx]=“ и слично (xx е соодветниот јазик), ТИЕ НЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ!!

(Примерите што следуваат се земени од изворни .po-датотеки. msgid е изворната порака (во КБабел е прикажана во горното текстуално поле), а msgstr е преведената порака (во КБабел е прикажана во долното текстуално поле)

Пример за правилен превод:

 msgid "Comment=Control the aRts sound server"
 msgstr "Comment=Го контролира серверот за звук aRts"
 (не msgstr "Коментар=Го контролира серверот за звук aRts")
  • Пораките што започнуваат со "_n: " означуваат дека содржат и еднинска и множинска форма. Ова "_n: " НЕ СМЕЕ да стои во преводот. Наједноставно е со Ctrl+Space да ја прекопирате оригиналната порака (ќе забележите дека во копираното нема "_n: ") и потоа да почнете да преведувате. Втора работа е што треба да има две множински форми (плус еднинската форма значи вкупно три реда) (тоа треба да се разреши во некое идно време, останато е од времето на Данко) (исто така внимавајте на последната ставка да не ѝ додадете \n, тоа е погрешно!)

Пример:

     неправилно                             правилно   
  msgid ""                               msgid ""   
  "_n: <b>1</b> file selected.\n"        "_n: <b>1</b> file selected.\n"  
  "<b>%n</b> files selected."            "<b>%n</b> files selected."      

  msgstr ""                              msgstr ""
  "_n: <b>1</b> избрана датотека.\n"     "Избрана е <b>1</b> датотека.\n"
  "<b>%n</b> избрани датотеки."          "Избрани се <b>%n</b> датотеки.\n"
                                         "Избрани се <b>%n</b> датотеки.")
  • Пораките што започнуваат со "_: " означуваат некаква контекстна информација или коментар (со цел дообјаснување). Ова "_: " НЕ СМЕЕ да стои во преводот. Наједноставно е со Ctrl+Space да ја прекопирате оригиналната порака (ќе забележите дека во копираното нема "_: ") и потоа да почнете да преведувате.

Пример:

      неправилно                          правилно
   msgid ""                            msgid ""
   "_: previous track\n"               "_: previous track\n"
   "Previous"                          "Previous"

   msgstr ""                           msgstr ""
   "_: претходна песна\n"              "Претходна"
   "Претходна"
  • Внимавајте на мали и големи букви во речениците (значи не „Недовршени Работи ...“ туку „Недовршени работи ...“). Нашиот правопис се разликува од англискиот!
  • Пораките што го содржат знакот „&“ означуваат дека постои копче за активирање (т.е. Alt+<знакот_веднаш_по_&>). На знакот треба да му се најде соодветно место (обично се гледа да се совпаѓа со знакот во оригиналната порака). Знакот „&“ МОРА да фигурира во рамките на преводот (КБабел има можност автоматски да проверува за вакви пропуштени знаци)

Пример:

    неправилно                          правилно
 msgid "&CD Tracks"                  msgid "&CD Tracks"
 msgstr "ЦД Песни"                   msgstr "&ЦД-песни"

  • Внимавајте на редоследот на зборовите (една од најчестите грешки) (македонската верзија е обично обратно

од англиската)

Пример:

 msgid "Trac&k Artist"
 msgstr "Песна Изведувач" (не е, туку "Изведувач на п&есна")
 или
 msgid "%1 Encoder"
 msgstr "%1 Енкодер" (не е, туку "Енкодер %1"))

  • Внимавајте на некои ситници (три точки на крајот од зборот, две-точки, празни места на крајот или на почетокот)
  • Наводниците пишувајте ги според македонскиот правопис (т.е. таму каде што во преводот стои \" заменете го со отворени наводници ( „ ) или затворени наводници ( “ ) соодветно)
  • Кога преведувате некоја апликација, пожелно е да ја активирате со инсталиран превод за да погледнете како изгледа преводот во стварност (а не само „на хартија“). За да го направите тоа:
  • искомпилирајте ја .po-датотеката во .mo со наредбата
  msgfmt -o <datoteka>.mo <datoteka>.po
  • ископирајте ја датотеката во соодветната папка (за целиот систем тоа е во $KDEDIR/share/locale/mk/LC_MESSAGES)
  • стартувајте ја програмата
  • Гледајте во изворниот код на програмата што ја преведувате. Пораките што се преведуваат зависат од контекстот т.е. има разлика дали преведувате порака што се наоѓа на копче или порака што се наоѓа во насловот на прозорец. За да не мора да ја барате местоположбата на пораката во самата програма (некогаш тоа и не е можно ако пораката е дел од некоја библиотека, се појавува поради грешка и сл.) погледнете го изворниот код за да видите каде точно е пораката и во кој контекст. За преведувањето на KDE, КБабел има згодна можност автоматски да ве однесе на соодветната линија во кодот.