Упатство:Инсталација на софтвер

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Вовед

Стандардно, многу корисни програми се инсталирани кога ќе го ставите Ubuntu на Вашиот компјутер. Сепак, од време на време треба да извршите задача која основните инсталирани апликации не можат да ја извршат и треба да инсталирате нов софтвер или пак да пробате алтернативна програма на таа што е веќе инсталирана. Инсталирањето на софтвер во Ubuntu е лесно и овој водич ќе ви покаже како тоа да го направите.

Пакети и менаџмент на пакети

Овој оддел ги опфаќа главните концепти на пакетите и справувањето со пакети. Ќе научите што е пакет и како се разликуваат видовите на пакети меѓусебно.

Што е пакет?

Софтерот е широк поим и општо значи програма која што се извршува на Вашиот компјутер. Сепак, таквите програми бараат други ресурси за помош при извршување на нивните задачи. Кога ќе инсталирате софтвер, може да се инсталираат илјадници датотеки кои се потребни за стартување на програмот. Се прашувате како сите тие датотеки се ставаат на точното место. Изгледа комплицирано, но не мора да се грижите за тоа. Ubuntu има начин за справување со таа комплексност.

Ubuntu користи пакети за зачувување на сѐ што е потребно една програма да работи. Пакетите се колекции од датотеки собрани во една датотека, со која што е полесно справувањето. Покрај датотеките потребни за да се изврши програмата постојат и инсталациони скрипти кои ги копираат датотеките каде што е потребно.

Изворен код или бинарни пакети

Обично, кога некој прави пакет за програма, го става целиот изворен код во тој пакет. Изворниот код се пишува од програмерите и претставува основна листа на инструкции за компјутерот кој што луѓето можат да го читаат и пишуваат. Компјутерите можат да разбјраат само код кој се преведува за нив во форма која можат да ја раберат. Еден начин за преведување на изворниот код за компјутерот е со компајлирање во бинарни датотеки кои компјутерот можи да ги разбира.

А зошто луѓето не ги прават пакетите директно како бинарни пакети? Различните компјутери употребуваат различни типови на бинарни датотеки, така што ако направите бинарна датотека за еден тип компјутери, таа нема да работат на друг.

Инсталирање на пакети

Додај/Отстрани - основниот метод

Најлесниот начин за инсталирање на пакет е со клинување на Апликации Додај/Отстранил.... Најдете го пакетот кој што сакате да го инсталирате. Можете да пребарувате по клучни зборови како што се „email“ или да пребарувате низ категориите прикажани на левата страна од прозорецот. Кога ќе го пронајдите пакетот кој што сакате да го инсталирате, кликнете го полето веднаш до неговата икона.

Кога ќе завршите со одбирање, кликнете на копчето „Примени“ на дното на прозорецот. Ќе излези друг прозорец кој ќе ги прикаже сите пакети кои што ги одбравте и ќе праша дали сакате да ги примените промените. За да ги инсталирате пакетите притиснете на примени. Тогаш ќе Ви биде побарана администраторската лозинка. Кога ќе ја внесите ќе излези нов прозорец кој ќе го прикажива напредокот на инсталацијата. Кога е готово, притиснете „Излези“. Вашите нови програми се инсталирани и подготвени за употреба!

Synaptic - понапредниот метод

Менаџерот на пакети - Synaptic нуди понапреден начин на инсталирање на пакетите. Ако имате проблеми со наоѓањето на соодветен пакет со алатката „Додај/Отстрани“, пробајте да пребарувате со Synaptic. Со него ќе ги пребарувате сите пакети кои се достапни во складиштата, дури и тие кои не содржат програми.

Текстуални методи

Текстуалните методи се достапни за Ubuntu, KUbuntu и XUbuntu, но бараат познавање на работата со терминалот.

Aptitude - текстуалниот метод

Aptitude е текстуален менаџер на пакети, кој мора да се изврши од терминал.

apt-get - техничкиот метод

Програмата apt-get е менаџер на пакети од командната линија, кој што треба да се употребува ако Synaptic и алатката „Додај/Отстрани“ наидат на проблеми. Овозможува напреден интерфејс на APT, интерфејсот кој е основа на системот за менаџирање со пакети во Ubuntu. Напредните корисници можат да користат apt-get за побрзо и помоќно управување со пакети.

Инсталирање на симнати пакети

Понекогаш можеби ќе треба да инсталирате пакето кој сте го симнале од интернет од веб страница, наместо од складиште на софтвер. Овие пакети се викаат .deb пакети. Поради тоа што тие се креирани за различни дистрибуции на Linux, тие можи да имаат нерешени зависности на Ubuntu и да не може да се инсталираат.

Користење на GDebi за инсталирање на пакети

GDebi e гафичка апликација која се користи за инсталирање на пакети. Автоматски ги проверува зависностите на пакетите и се обидува да ги симне од софтверските складишта на Ubuntu. Можеби ќе треба прво да го инсталирате gdebi пакетот со користење на еден од гореспоменатите менаџери на пакети или пак отворете го терминалот и напишете sudo apt-get install gdebi.

Откако ќе го инсталирате GDebi, користете го прелистувачот на датотеки за да ги најдете пакетите кои што сакате да ги инсталирате. Кликнете ги датотеките двапати и кликнете го копчето „Инсталирај пакети“. GDebi ќе Ве предупреди ако има незадоволени зависности.

Користење на dpkg за инсталирање на пакети

dpkg е алатка од командната линија за инсталирање на пакети. За да инсталирате пакет со dpkg, отворете терминал и напишете го следното:

# cd directory
# sudo dpkg -i package_name.deb

Забелешка: заменете го directory со името на директориумот во кој што се наоѓаат пакетите, а package_name е името на пакетот.

Препорачливо е да го прочитате упатството на dpkg, бидејќи неправилната употреба на dpkg може да ја расипе базата на податоци на менаџментот на пакети. За да го прегледате упатството напишете во терминал man dpkg.