Arbeitsbesprechung-20121023

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Присутни:

  • Новица, Арангел, Баже, Бидик, Стама, Чомбе, Миша, Тамара, Дамјан, Никола, Гоце, Алекс

Хигиена

  • Дежурниот чисти секоја сабота 1 час пред СподелиЗнаење, ова вклучува, исфрлање на ѓубре, бришење прашина и сл.
  • Секоја втора недела се организира генералка за чистење на хаклабот, список ќе има на вики, се оди по ротација, ќе чистат сите членови.
  • Нема дебата за прекршување на точка од куќниот ред.
  • Ќе се влијае на културата за непопречување. како на пример, луѓе нешто прават, други доаѓаат и им галамат, ги прекинуваат во работата.

Промени во куќен ред:

  • дежурниот ќе ги пријави инцидентите на мејлинг листа.
  • ќе се води анонимна листа на инциденти на вики, поради трекинг на инциденти, да видиме со што сме имале проблем и како може полесно да го решаваме во иднина.
  • се забранува консумирање и внесување алкохол. Сите гласаа за забрана на алкохол во хаклаб, двајца беа воздржани.

TODO

  • да се отвори вики страница за списокот за чистење
  • да се отвори вики страница за инцидент трекинг
  • да се стави куќниот ред на github за да можеме да го менуваме таму (ова е веќе направено, треба да се вменат само промените од вчера)
  • за членство ќе дискутираме на наредниот состанок. Треба да се дискутира кои лица се сметаат за членови на хаклабот, кои се нивните права и обврски, како се станува член и евентуално како се губи членството

Предлог нови членови од куќен ред за дискусија:

  • За примањето и отстранувањето на нови членови на хаклабот КИКА се одлучува на редовните состаноци за хаклабот.
  • Секој член може да биде отстранет поради недолично однесување и прекршување на едно или повеќе од правилата во куќниот ред.

Скопје 23.10.2012