Boo

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Boo е објектно-ориентиран, статичен програмски јазик кој почна со развивање во 2003, кој гледа да ја искористи Common Language Infrastructure за поддршка на Јуникод, интернационализација (локализација) и веб апликации, додека користи Python-инспирирана синтакса и специјален фокус на јазичната и компајлеровата растегливост. Некои особености на Boo вклучуваат type inference, генератор, мулти-методи, опционално duck typing, макроа, вистински затворања (true closures), currying, и прва класа функции (first class functions).

Boo е слободен софтвер кој може да работи на .NET опкружувањето или под Mono, лиценциран под BSD/MIT X11-лајк лиценца.

Примери

Здраво народе програм

print "Здраво народе!"

Доколку имате искуство со Python програмскиот јазик, горенаведената команда ќе ви биде добро позната. Со нејзе се испишува нешто на екранот, затоа е клучниот збор print.

Во овој случај, горниот програм ќе ги испише зборовите:

Здраво народе!

Графички Здраво народе програм

со GtkSharp

import System
import Gtk from "gtk-sharp"

def DeleteWindow (o, args as DeleteEventArgs):
	Application.Quit ()
	
def ClickBtn (o, args as EventArgs):
	print "Здраво народе!"

Gtk.Application.Init ()
window = Gtk.Window ("Здраво!")
btn = Gtk.Button ("Кликни ме!")
window.Add (btn)

btn.Clicked += ClickBtn
window.DeleteEvent += DeleteWindow

window.SetDefaultSize (200, 30)
window.ShowAll ()
Gtk.Application.Run ()

Горниот пример ќе керира прозорец чии димензии ќе бидат 200x30 пиксели (px), со наслов „Здраво!“ и копче на кое ќе пишува „Кликни ме“ кое ако се кликне ќе испише во терминалот „Здраво народе!“.

Референци

Корисни врски