GtkSharp

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

GtkSharp или Gtk# е поврзувач на GTK тулкитот за Mono. Во овој поврзувач (binding) се состојат речиси сите GTK виџети (widgets) и уште неколку одбрани GNOME виџети (widgets). GTK како и секој модерен тулкит се води според настани; кога ќе се случи некој настан, на пр. се кликнува на копче тогаш се случува нешто.

Gtk# апликации можат да се користат на GNU/Linux, Mac OS X, Windows. GTK е природниот тулкит во GNOME графичката околина што значи дека Gtk# апликациите ќе изгледаат и функционираат најдобро на GNOME графичка околина.

Mono пакетите за Windows вклучуваат Gtk, Gtk# и природната Gtk тема за вашите апликации да изгледаат како сите други Windows апликации. За Mac OS X, пак, за да користите Gtk# апликација мора корисникот да го користи X11 серверот.

Gtk# компоненти

Gtk# е составена од следните компоненти:

  • gtk-sharp поврзувачи за GTK+ 2.x тулкитот
  • glib-sharp поврзувачи за glib 2.x тулкитот за ниско-ниво не-графички тулкит за gtk+
  • pango-sharp поврзувачи за Pango библиотеката за исцртување на интернационален текст
  • atk-sharp поврзувачи за atk Accessibility околината
  • gdk-sharp поврзувачи за библиотека од ниско-ниво за цртање користена од gtk+
  • glade-shatp Овозможува користење на Glade датотеки за интерфејс при runtime. Ова е еден од најлесните начини за креирање на Gtk#UI.
  • Art-sharp Библиотека за исцртување на векторска графика
  • Rsvg-sharp Библиотека за исцртување на SVG датотеки
  • GtkDotNet Го вклучува Gtk# namespace-от во System.Drawing
  • gnome-sharp поврзувачи за GNOME графичката околина
  • gnomevfs-sharp Датотеки, MIME и сите други начини на една GNOME апликација да го користи датотечниот систем
  • vte-sharp поврзувачи за VTE емулаторот на терминал
  • gconf-sharp поврзувачи за Gconf системот за складирање конфигурации во GNOME
  • gtkhtml-sharp поврзувачи за лесниот HTML енџин за исцртување (Внимание: овој виџет сеуште не поддржува HTML уредување!)

Надворешни врски