GTK

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

GTK+, или the Gimp тулкитот, е еден од двата најпопуларни тулкитови за виџети за X Window System за креирање на графички интерфејс со корисникот. Заедно со Qt, GTK+ го истиснаа Motif, претходно најкористениот X тулкит за виџети.

GTK+ од почеток беше направена за the GNU Image Manipulation Program, растер уредувач на графика, во 1997 од Спенсер Кимбал, Петер Матис, и Џош МакДоналд-од кои сите беа членови на eXperimental Computing Facility (XCF) во UC Беркли. Лиценцирана под LGPL, GTK+ е слободен софтвер, и е дел од GNU проектот.

GTK+ го користи C програмскиот јазик, иако нејзиниот дизајн го користи GObject објектниот систем. Поврзувачи GNOME платформата постојат за C++ (gtkmm), Perl, Ruby, Java и Python (PyGTK); други имаат пишувано поврзувачи за многу други програмски јазици (вклучувајќи Ada, D, Haskell, Pascal, PHP, Pike, Tcl и сите .NET/Mono јазици). GTK-server овозможува IPC интерфејс базиран на „низи“ на GTK+ што дозволува да се користи од секој јазик со I/O способности, вклучувајќи и shell скрипти. Јазици напишани за GTK+ вклучуваат GOB2 и Vala.

Не како многу од другите тулкити за виџети, но како Qt, GTK+ не е базирана на Xt. Придобивката на ова е тоа што дозволува GTK+ да биде достапна на повеќе системи и да биде пофлексибилна. Неповолноста е во тоа што нема пристап до ресурсната база на податоци на X, што е традиционалниот начин за прилагодување на X11 апликации.

Врски