Perl

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Perl е програмски јазик, првенствено направен за манипулација со текст, а денес се користи и за други операции како системска администрација, веб развивање, мрежно и програмирање на графички алатки.

Јазикот е направен да биде практичен, лесен за користење, ефикасен, комплетен, а во исто време е мал, елегантен и минимален. Негова главна предност е тоа што е лесен за пишување, поддржува процедурално и објектно-ориентирано програмирање, има вградени алатки за текст обработка и има еден од светските најимпресивни колекции на модули.

Пуштање на Perl програми

За да се вклучи Perl програма, во командната линија се внесува:

# perl ime_na_prog.pl

Алтернативно, може да го внесете овој ред во првата линија од Вашата скрипта:

#!/usr/bin/env perl

и да ја вклучите скриптата како /pateka/do/skriptata.pl. Секако, таа мора да се направи извршна, затоа,

# chmod 775 scripta.pl
(за Unix и GNU/Linux)

Основна синтакса

Perl скрипта може да содржи една или повеќе наредби. Овие наредби се пишуваат во стандарднен стил. Овде нема потреба од main() функции или некој таков вид. Perl наредбите завршуваат со точка-запирка:

print “Honey I’m hoooome!!!”;

Коментарите почнуваат со тараба #:

# ова е коментар

Празните места се ирелевантни:

   print 
       "Hello, world"
       ;

освен во наводниците:

 # ova ke go otpecati world vo nov red
   print "Hello
       world";

Видот на наводниците не е важен:

   print "Hello, world";
   print 'Hello, world';

Меѓутоа важни се кога се користат специјални карактери, пр. нова линија \n:

   print "Hello, $name\n";     # raboti dobro
   print 'Hello, $name\n';     # pecati $name, bukvalno

Броевите не се ставаат во наводници

   print 42;

Може да користите загради, но не мора:

   print("Hello, world\n");
   print "Hello, world\n";

Врски