FLAC

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Free Lossless Audio Codec (FLAC) е популарен датотечен формат за аудио компресија. Со тоа што е незагублив компресиран формат, FLAC не отстранува информации од аудио протокот, како што загубливите формати како MP3 и AAC прават.

Како други методи на компресија, најголемата придобивка на FLAC е намалувањето на бендвитот или побарувачките за складирање, но без да го жртвува интегритетот на аудио изворот. На пример, дигитална снимка (како CD) енкодирана во FLAC може да биде декомпресирана во идентична копија од аудио податоците. Аудио изворите енкодирани во FLAC се обично редуцирани во големина 40 до 50 проценти. FLAC е пригоден за секојдневно слушање и на аудио архивирање, со поддршка за ознаки, слики од албумот и брзо барање. Бидејќи FLAC е слободен софтвер тој е добро поддржан од многу софтверски апликации. FLAC поддршката за пуштање во преносливите аудио уреди и аудио системите расте. Џош Коалсон е главниот автор на FLAC.

На 29 Јануари, 2003м Xiphophorus (сега наречена Xiph.org Фондацијата) го најави преминувањето на FLAC под нивна надгледност, заедно со Vorbis, Theora, Speex и други.

Технички податоци

FLAC поддржува само fixed-point семплови, не floating-point. Ова е за да се елиминираат било кои грешки кои можат да се заокружат за да се произведе бит-совршена репродукција. Може да се справи со било која PCM резолуција од 4 до 32 бита од семпл, било кое ниво на семплување од 1 Hz до 1,048,570 Hz во 1 Hz зголемување, и било кој број на канали од 1 до 8. Каналите можат да бидат групирани во „кутии“ како stereo и 5.1 канален surround за да се придобие на интерканалните корелации за да се зголеми компресијата. FLAC користи CRC checksum-ови за да идентифицира оштетени рамки кога е користен како протокол за стриминг (?), и исто така има целосна MD5 hash од суровото PCM аудио складирано во неговиот STREAMINFO метаподаточниот наслов.

FLAC дозволува Rice параметри помеѓу 0-16, и нагодре до 8 канали од аудио и голем опсег на нивоа на семплување до 192 kHz, во повеќе „широчини“ на bits-per-sample. FLAC исто така поддржува Replay Gain.

Надворешни линкови