Impress

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
OpenOffice.org Impress на македонски

OpenOffice.org Impress е програма за приказ на слајдови изработени од корисникот. Со неа можете да создавате слајдови кои содржат разни елементи, вклучувајќи и текст, табели, графикони, галерии и широк спектар на графички објекти.

Impress нуди и проверка на правопис, речник на синоними, однапред дефинирани стилови на текст, атрактивни стилови на позадини и мени за помош.

Ова поглавје содржи инструкции, илустрации и корисни совети кои ќе ве водат низ околината на Impress додека креирате презентации.

Поддршка на формати

Стандарден формат за презентации е отворениот формат odp (open document presentation), но апликацијата може да отвора и манипулира со разни видови презентации изработени во други апликации и други формати.

Особено е практична ако имате ppt (формат на Microsoft) презентација, а не сакате да користите MSOffice.

Врски