JPEG

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

JPEG (се чита џеј-пег) или JPG е најчесто користен метод за компресија на фотографски слики. Името JPEG доаѓа од Joint Photographic Experts Group, и е име на комитетот кој го создаде овој стандард. Групата е организирана во 1986 и работи на прашања поврзани со овој формат. Првиот предлог за форматот беше доставен во 1992г. и одобрен во 1994г. како ISO 10918-1. JPEG не треба да се помешува со Mpeg (Moving Picture Experts Group) која произведува шеми за компресија за видео.

JPEG самиот по себе дава спецификации и за кодекот, кој дефинира како сликата ќе биде компресирана во протокот на бајти и декомпресирана во слика, како и за форматот на датотеката кој се користи за да се зачуваат тие податоци. Методот за компресија најчесто е компресија со загуба, што значи дека визуелниот квалитет на компресираните слики значително се намалува, иако постојат варијации на стандардната основа на JPEG кои се без загуба. Исто така постои и прогресивен JPEG формат каде податоците се компресирани во повеќекратни поминувања на прогресивно-зголемени детали (?). Ова е идеално за големи слики кои треба да бидат прикажани додека се симнуваат на бавни Интернет врски, со што се овозможува преглед пред да се отвори целата слика. Сепак, прогресивниот JPEG не е широко поддржан.

Форматот на датотеките е познат како 'JPEG Interchange Format', како што е специфицирано во Анексот Б од стандардот. Ова често се помешува со JPEG File Interchange Format (JFIF), минималната верзија на JPEG која е поедноставена со цел широко-опфатно имплементирање, со што и стана дефакто стандард. Најголемиот број апликации за уредување слики кои запишуваат во JPEG форматот впрочем создаваат JFIF датотека.

JPEG/JFIF е форматот кој најчесто се користи за зачувување и префрлање на фотографии на Мрежата. Алгоритамот за JPEG компресија не е добро „спакуван“ за исцртување на линии и други текстуални или иконски графики, па така се користат форматите PNG или GIF, од кои само PNG е слободен формат.

MIME типот на JPEG е image/jpeg, а проширување за датотеки .jpg.

Надворешни врски