MySQL

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

MySQL (се чита мај-ес-кју-ел) е повеќе-треден, повеќекориснички SQL систем за управување на бази на податоци кој, според фондацијата која го одржува и создаде, има над 10 милиони инсталации насекаде низ светот.

MySQL е спонзориран од една профитна фирма, шведската MySQL AB, која ги има правата врз MySQL за најголемиот дел од кодот. Тоа е слично и со моделот на JBoss и на начинот според кој Фондацијата за слободен софтвер се справува со авторските права во нивните прокеит, и сосема спротивно од тоа како Apache се справува со ситуацијата, каде софтверот кој е развиен од јавноста и базата на кодот е во сопственост на индивидуални автори.

Компанијата која го развива и одржува системот, исто така нуди и услуги и договори за поддршка, како и неслободни лиценцни копии на MySQL.

MySQL наоѓа примена за веб потребите на системите како LAMP, XAMPP и сл. како и кај интранет системи во приватните мрежи на институции и компании.

Видете и...

Врски