Thunderbird

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Стандардниот прозорец на Thunderbird на македонски

Mozilla Thunderbird е уште еден прекрасен производ на Mozilla. Слободен клиент за електронска пошта преку кој може организирано да симнувате и прегледувате пораки, како и да испраќате одговори на истите.

За да користите ваков клиент потребно е да имате POP сметка за вашата пошта. Пример, ако ваша пошта е tode@skerlev.org тогаш серверот skerlev.org треба да поддржува POP пристап, т.е. тој самиот да биде POP сервер. Така во голем број случаи POP серверот за одредена сметка е pop.skerlev.org или mail.skerlev.org.

Исто така, за Клиентот за Е-пошта да испраќа пораки потребно е да подесите SMTP сервер. Преку тој сервер пораките ќе се испраќаат каде што сакате.

Симнете ја последната верзија на Mozilla Thunderbird од официјалната страна на проектот и инсталирајте ја.

Подесување на клиентот

Откако ќе ја инсталирате апликацијата, по првичното пуштање ќе ви се отвори прозорец како на сликава:

Tb1.png

Тука ве прашува од кој тип сметка сакате да отворите. Вие избирате E-Mail (во македонскиот превод „Е-пошта“) и кликате на Next. Следен дијалог е:

Tb2.png

Ги внесувате вашето име (она што ќе биде прикажано кај тие што примаат пошта од вас) и адресата за вашата пошта. Следува изборот на POP сервер и SMTP сервер:

Tb3.png

Пример за Gmail вредност за Incoming Server треба да е pop.gmail.com, а за Outgoing Server smtp.gmail.com. Во мојот случај и двете адреси се исти (можно е и тоа). Кликнете на Next:

Tb4.png

Внесете го корисничкото име со кое ќе се најавите на POP серверот. Најчесто тоа е истото како и корисничкото име на сметката за е-поштата (tode за tode@skerlev.org).

На последниот дијалог ќе бидете прашани како да ви се прикаже сметката која ја отворате. Тоа нема никаква врска со тоа што ќе испраќате, едноставно за ваше подобро снаоѓање. Кај мене е вака:

Tb5.png

Next и изберете го Download Messages now и Finish. Ќе ве праша за лозинката и дали таа да биде зачувана. Одговорете Yes и потоа разгледајте ги другите опции и можности што Thunderbird ги нуди. Меѓу другото, ако имате инсталирано некој сервис за справување со непотребни пораки (spam) Thunderbird може да го подесите да активира автоматско бришење на таквите пораки.

Врски

Официјална страна на Mozilla

Екстензии за Firefox

Теми за Firefox

Mozilla Thunderbird