Важни настани за слободниот софтвер во Република Македонија: Разлика помеѓу преработките
Ред 68: | Ред 68: | ||
Започнува со работа [http://wiki.lugola.net Вики за слободен софтвер], место кое треба да биде главен извор на знаење за корисниците на слободен софтвер од Македонија. | Започнува со работа [http://wiki.lugola.net Вики за слободен софтвер], место кое треба да биде главен извор на знаење за корисниците на слободен софтвер од Македонија. | ||
=== 28/29/30 април === | |||
Се одржа маратон за локализација на [[работна околина|работната околина]] [[KDE]] во Битола, организиран од [[Лугола]]. На маратонот беа локализирани околу 21.000 низи. | |||
== 2007 година == | == 2007 година == |
Преработка од 20:19, 6 јуни 2007
Овој документ содржи датуми на поважните настани кои се повразни со Слободен софтвер Македонија, заедницата на корисници на слободен софтвер во Република Македонија и слични/поврзани активности. Ако знаете нешто плус или забележите дека некаде има грешка, додајте ги тие информации.
2002 година
07 јули 2002 година
Првиот состанок во Градскиот парк во Скопје. Присуствуваа повеќе луѓе, меѓу кои Иван Стојмиров, Арангел Ангов, Новица Наков, Златко Трајчески, Благоја Ѓаковски, Дарко Стојчев, Дамјан Георгиевски и Георги Станојевски.
09 јули 2002 година
Два дена подоцна, на тогашниот сервер на http://www.linux.net.mk почна да работи првата поштенска листа. Листата го носеше името [LUG] и беше достапна на http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug.
07 септември 2002 година
На конференцијата ExpoCom, David Sugar од Free Software Foundation го одржа првиот јавен говор за слободен софтвер во Р. Македонија.
16 септември 2002 година
Во порака до листата [LUG] Арангел Ангов испраќа алфа верзија на статутот на организацијата за која тој предлага таа да го носи името „Слободен софтвер Македонија“.
21 септември 2002 година
Своето искуство за движењето за слободен софтвер во Р. Македонија David Sugar го раскажува за Linux Journal: http://www.linuxjournal.com/article/6336.
28 октомври 2002 година
Се одржа основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија. Собранието се одржа во тогашниот „Пингвин Паб“ карши автобуската станица „Рекорд“ во Скопје. Присутни беа 15 основачи.
12 ноември 2002 година
Златко Трајчески ја прави конечната верзија на логото на „Слободен софтвер Македонија“ по идеја на Новица Наков. Логото е гулаб кој во средина има единици и нули наредени во круг. Гулабот ја означува слободата, единиците и нулите го означува софтверот, а кругот го означува сонцето - така „Слободен софтвер Македонија“.
28 ноември 2002 година
Во регистарот на здруженија на граѓани и фондации под Рег.Бр. 1436 се запишува здружението на граѓани Слободен софтвер Македонија.
Здружението на граѓани стекнува својство на правно лице и може да започне со работа.
14-15 декември 2002 година
Се одржа првиот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Крајниот резултат беше целосно локализиран OpenOffice.org верзија 1.0 со што компјутерските корисници во Р. Македонија за прв пат добија канцелариски пакет на македонски јазик кој може да се користи на било кој оперативен систем. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2002/.
2003 година
17-18 април 2003
На саемот Инфоком Слободен софтвер Македонија бесплатно дистрибуираше 300 дискови со OpenOffice.org преведен на македонски јазик и памфлети за слободен софтвер. Ристе Пејов одржа две презетнации за локализираниот слободен канцелариски пакет.
2004 година
15 март 2004
Се формира првата група на корисници на GNU/Linux од Македонија, конкретно од Битола - Лугола. Објавата е тука: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2004-March/000906.html.
23 септември 2004
Прославен е првиот ден на слободен софтвер на Битола, иако точниот датум е на 21 септември, поради координација со останатите прославата се случи тогаш. Овој настан беше една од помасовните промоции на Лугола и прв настан организиран од групата.
2005 година
16-19 септември 2005
Се одржа вториот преведувачки маратон за преведување на ОпенОфис.орг, во организација на Слободен софтвер Македонија и НВО Метаморфозис. Крајниот резултат беше целосно локализиран графички интерфејс на ОпенОфис.орг верзија 2.0, како и дел од помошта. Во текот на наредните неколку месеци беше направен темелен преглед и лектура, така што се доби навистина квалитетен превод. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2005/.
2006 година
7 април 2006
Започнува со работа Вики за слободен софтвер, место кое треба да биде главен извор на знаење за корисниците на слободен софтвер од Македонија.
28/29/30 април
Се одржа маратон за локализација на работната околина KDE во Битола, организиран од Лугола. На маратонот беа локализирани околу 21.000 низи.