Интероперабилност: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 36: Ред 36:
== Интероперабилноста како прашање на моќ и доминација на пазарот ==
== Интероперабилноста како прашање на моќ и доминација на пазарот ==

Интероперабилноста често се смета како прашање само од доменот на експертите што доведува до потценување на неговите импликации во секојдневниот живот. Случајот на Европската комисија против Microsoft покажува дека интероперабилноста се однесува на важни прашања за односите на моќ. Во 2004 година, Европската комисија донесе пресуда дека Мајкрософт ја злоупотребил својата пазарна моќ преку намерно спречување на интероперабилност помеѓу компјутери со Виндоуз и сервери за работни групи кои не користат софтвер од Microsoft. Со ова, Microsoft бил во можност да заземе доминантна позиција на пазарот за оперативни системи за работни групи, кои се во основата на деловните мрежи. ЕУ му наредила на Microsoft да објави целосна и точна документација за интерфејсот, со кој ќе им овозможи на конкурентите да се натпреваруваат со еднаква појдовна основа („лек за интероперабилност“). Од јуни 2005 година Комисијата го испитува новиот предлог на Мајкрософт на оваа тема, поради тоа што ги има одбиено претходните како недоволни.  
Интероперабилноста често се смета како прашање само од доменот на експертите што доведува до потценување на неговите импликации во секојдневниот живот. Случајот на Европската комисија против Microsoft покажува дека интероперабилноста се однесува на важни прашања за односите на моќ. Во 2004 година, Европската комисија донесе пресуда дека Мајкрософт ја злоупотребил својата пазарна моќ преку намерно спречување на интероперабилност помеѓу компјутери со Виндоуз и сервери за работни групи кои не користат софтвер од Microsoft. Со ова, Microsoft бил во можност да заземе доминантна позиција на пазарот за оперативни системи за работни групи, кои се во основата на деловните мрежи. ЕУ му наредила на Microsoft да објави целосна и точна документација за интерфејсот, со кој ќе им овозможи на конкурентите да се натпреваруваат со еднаква појдовна основа („лек за интероперабилност“). Од јуни 2005 година Комисијата го испитува новиот предлог на Microsoft на оваа тема, поради тоа што ги има одбиено претходните како недоволни.  

Неодамнешните напори на Microsoft на полето на интероперабилност укажуваат на промена на ставот во нивниот пристап и ниво на посветеност. Овие напори вклучуваат миграција на форматите на записи за ''Microsoft Office'' кон стандардот ''ECMA Office Open [[XML]]'' и неколку партнерски договори за интероперабилност, особено соработката со [[Novell]] [http://www.microsoft.com/presspass/press/2006/nov06/11-02MSNovellPR.mspx][http://www.microsoft.com/interop/msnovellcollab][http://blogs.msdn.com/jasonmatusow/archive/2006/11/02/novell-and-microsoft-build-a-bridge.aspx].

Преработка од 11:32, 26 мај 2007

Од Википедија, слободна енциклопедија

Интероперабилност е термин што означува поврзување на луѓе, податоци и разновидни системи. Терминот може да биде дефиниран во технички контекст или пошироко, земајќи предвид општествени, политички и организациони фактори.

Дефиниција

Институтот за инжинери по електроника и електротехника (ИЕЕЕ) ја дефинира интероперабилноста како способност на два или повеќе системи или компоненти да разменуваат информации и да ги користат информациите кои што биле разменети.

Телекомуникации

Кај телекомуникациите, терминот може да се дефинира како:

  1. Способноста на системи, единици или сили да обезбедат услуги за и да прифатат услуги од други системи, единици или сили и да ги користат разменетите услуги со цел да се овозможи заедничка ефективна работа.
  2. Состојбата постигната помеѓу комуникациски-електронски системи или делови од команикациско-електронска опрема при која може директно и задоволително да се разменуваат информации или услуги помеѓу нив и/или нивните корисници. Степенот на интероперабилност треба да се дефинира во однос на специфични случаи.

Софтвер

Кај двонасочно радио, интероперабилноста е составена од три димезии:

  • Компатибилни комуникациски патеки (компатибилни фреквенции, опрема и испраќач на сигнали),
  • Покриеност со радио- сигнал или соодветна јачина на сигналот, и;
  • Скалабилен капацитет.

Во контекст на софтвер, терминот интероперабилност се користи да се опише способноста на различни програми да разменуваат податоци преку заеднички сет на бизнис-процедури, да читаат и запишуваат во исти формати на датотеки и да користат исти протоколи. (Способноста да се извршува ист бинарен код на различни процесорски платформи „не“ се смета за дел од дефиницијата за интероперабилност!) Недостатокот на интероперабилност покажува дека производот(ите) не се дизајнирани според стандардите. Сепак, интероперабилноста не се зема здраво за готово во делот за нестандардни пресметки и светот на информатичките технологии.

Според ISO/IEC 2382-01, интероперабилноста е дефинирана како: „Способност за комуницирање, извршување програми, или трансфер на податоци меѓу различни функционални уреди на начин кој не бата од корисникот да има знаење за уникатните карактеристики на тие уреди“. [1]

Постигнување интероперабилност

Интероперабилноста може да се постигне на четири начини:

  • преку изработка на производите
  • партнерства помеѓу индустријата и заедницата
  • пристап до технологиите и интелектуалната сопственост и
  • спроведување на стандарди.

Интероперабилноста како прашање на моќ и доминација на пазарот

Интероперабилноста често се смета како прашање само од доменот на експертите што доведува до потценување на неговите импликации во секојдневниот живот. Случајот на Европската комисија против Microsoft покажува дека интероперабилноста се однесува на важни прашања за односите на моќ. Во 2004 година, Европската комисија донесе пресуда дека Мајкрософт ја злоупотребил својата пазарна моќ преку намерно спречување на интероперабилност помеѓу компјутери со Виндоуз и сервери за работни групи кои не користат софтвер од Microsoft. Со ова, Microsoft бил во можност да заземе доминантна позиција на пазарот за оперативни системи за работни групи, кои се во основата на деловните мрежи. ЕУ му наредила на Microsoft да објави целосна и точна документација за интерфејсот, со кој ќе им овозможи на конкурентите да се натпреваруваат со еднаква појдовна основа („лек за интероперабилност“). Од јуни 2005 година Комисијата го испитува новиот предлог на Microsoft на оваа тема, поради тоа што ги има одбиено претходните како недоволни.

Неодамнешните напори на Microsoft на полето на интероперабилност укажуваат на промена на ставот во нивниот пристап и ниво на посветеност. Овие напори вклучуваат миграција на форматите на записи за Microsoft Office кон стандардот ECMA Office Open XML и неколку партнерски договори за интероперабилност, особено соработката со Novell [2][3][4].

Интероперабилноста се има појавено и во дебатата за софтверски патенти во Европскиот парламент во текот на јуни и јули 2005 година. Критичарите тврдат дека чувањето на патенти за техниките потребни за интероперабилност под услови на РАНД (RAND - reasonable and non discriminatory licensing), муштериите мора двојно да плаќаат за лиценците: еднаш за производот и еднаш, во соодветни случаи, и за програмата заштитена со патент што ја користи производот.