ОЈЛ: Разлика помеѓу преработките
с (9 ревизии: initial) |
|||
(Не се прикажани 5 меѓувремени преработки од 2 корисници) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
Општата јавна лиценца (ОЈЛ, GNU GPL или GPL) е нашироко употребуваната лиценца за [[Слободен софтвер|слободен софтвер]] напишана од [[Richard Stallman]] за потребите на [[GNU]] проектот. Последната официјална верзија на лиценцата, верзија | [[Слика:Gnu-head.png|thumb|Логото на ГНУ]] | ||
Општата јавна лиценца (ОЈЛ, GNU GPL или GPL) е нашироко употребуваната лиценца за [[Слободен софтвер|слободен софтвер]] напишана од [[Richard Stallman]] за потребите на [[GNU]] проектот. Последната официјална верзија на лиценцата, верзија 3, излезе на 29 јуни 2007г. LGPL е модифицирана верзија на ОЈЛ, наменета за одредени софтверски библиотеки. | |||
ОЈЛ на корисниците им гарантира слободи и права кои произлегуваат од дефиницијата за слободен софтвер и користи [[Copyleft]] филозофија за на корисниците да им овозможио полесно зачувување на тие права. | ОЈЛ на корисниците им гарантира слободи и права кои произлегуваат од дефиницијата за слободен софтвер и користи [[Copyleft]] филозофија за на корисниците да им овозможио полесно зачувување на тие права. | ||
Ред 32: | Ред 34: | ||
Развивачите на [[Linux]] [[Јадро|јадрото]] коментираа за оваа верзија по што и [[Linus Torvalds]] изрази задоволство од последниот нацрт на ОЈЛ верзија 3, по претходните несогласувања. [[Richard Stallman]] очекува официјална верзија 3 на ОЈЛ во текот на првата половина на 2007г. | Развивачите на [[Linux]] [[Јадро|јадрото]] коментираа за оваа верзија по што и [[Linus Torvalds]] изрази задоволство од последниот нацрт на ОЈЛ верзија 3, по претходните несогласувања. [[Richard Stallman]] очекува официјална верзија 3 на ОЈЛ во текот на првата половина на 2007г. | ||
= Структура = | |||
ОЈЛ ја има следнава структура: | |||
* Наслов; | |||
* Вовед; | |||
* Одредби и услови за умножување, разделба и менување (12 члена, последните два се однесуваат на отсуство на гаранција); и | |||
* Како да се применуваат овие одредби на вашите нови програми (кратко практично упатство). | |||
Оригиналниот текст можете да го најдете [http://www.gnu.org/copyleft/gpl.html овде]. | |||
Преведен неофицијален превод на ОЈЛ, може да [http://www.slobodensoftver.org.mk/dokumenti/gnu_gpl_mk.html прочитате овде]. | |||
= Врски = | |||
[http://www.gnu.org GNU] | |||
[http://www.gnu.org/licenses/lgpl.html LGPL] | |||
[[Категорија:Слободен софтвер]] | [[Категорија:Слободен софтвер]] |
Последна преработка од 17:35, 29 јануари 2011
Општата јавна лиценца (ОЈЛ, GNU GPL или GPL) е нашироко употребуваната лиценца за слободен софтвер напишана од Richard Stallman за потребите на GNU проектот. Последната официјална верзија на лиценцата, верзија 3, излезе на 29 јуни 2007г. LGPL е модифицирана верзија на ОЈЛ, наменета за одредени софтверски библиотеки.
ОЈЛ на корисниците им гарантира слободи и права кои произлегуваат од дефиницијата за слободен софтвер и користи Copyleft филозофија за на корисниците да им овозможио полесно зачувување на тие права.
Според некои ОЈЛ е најпопуларната лиценца за слободен софтвер. До 2006г. ОЈЛ беше употребена за 41.962 софтверски проекти излистани на Freshmeat и [http:/www.sf.net Source Forge]. Слично на тоа, во анкета беше откриено дека RedHat Linux 7.1 ја користи оваа лиценца за 50% од софтверот што доаѓал со системот.
Историја
ОЈЛ е напишана од Richard Stallman за употреба со програми издадени како дел од GNU проектот. Базирана е на унификации за слични лиценци користени за верзиите на GNU Emacs, GNU дибагерот и GNU колекцијата на компајлери. Овие лиценци содржеа слични точки како модерната ОЈЛ, но со специфични карактеристики за секоја програма, третирајќи ги како некомпатибилни и покрај тоа што се работи за иста лиценца. Целта на Stallman беше да се произведе една лиценца користена за било кој проект, со што ќе се овозможи да се споделува кодот од многу различни проекти.
Верзија 1
Првата верзија на ОЈЛ, издадена во Јануари 1989г., ги оневозможуваше тогашните два начини да производителите на софтвер стават рестрикции врз слободите што го прават софтверот слободен. Така се регулираше дистрибуцијата на бинарни и извршни датотеки од страна на некои дистрибутери, кои ставаа рестрикции во лиценците. Верзијата 1 велеше дека, ако дистрибуирате бинарни датотеки, мора да издадете изворен код достапен за јавноста исто така и кога дистрибуирате софтвер лиценциран под ОЈЛ, не смеете да ставете понатамошни рестрикции на лиценцата
Верзија 2
Според Richard Stallman, најголемата измена во ОЈЛ верзија 2 беше клаузулата, „Слобода или смрт“ како што тој ја нарекува, односно делот 7. Овој дел вели дека ако некој воведува рестрикции кои го спречуваат идното дистрибуирање на ОЈЛ лиценциран софтвер на начин кој не ги почитува слободите на другите корисници (пр. ако во легални рамки се вели дека софтверот мора да се дистрибуира исклучиво во бинарен формат), не смеат да го дистрибуираат воопшто.
До 1990, стануваше јасно дека помалку рестриктивна во однос на слободата лиценца ќе биде потребна, по што излезе ОЈЛ за библиотеки или GNU Library General Public License. До 1999 верзијата на ОЈЛ за библиотеки остана иста, кога беше променета во 2.1 и кога името се промени во GNU Lesser General Public License или „помалку општа јавна лиценца“ (пОЈЛ).
Во 2005г. Фондацијата за слободен софтвер соопшти дека ќе започне со нацрт за верзија 3 на ОЈЛ. На 16 јануари 2006г. излезе првиот нацрт за дискусија на ОЈЛ верзија 3. Јавната расправа траеше речиси цела година.
Верзијата 3 на ОЈЛ е напишана од Richard Stallman, со легално советување од Eben Moglen и центарот за слобода на софтверот (SFLC).
Резимето на измени што Stallman ги предложи во првиот нацрт вклучувало и справување со прашања за софтверски патенти, компатибилност помеѓу лиценци за слободен софтвер, дефиниција на изворен код и „тивоизација“. Други значајни измени вклучуваат дозвола на авторите да ставаат одредени рестрикции и барања до нивните соработници.
На 27 јуни 2006г. излегува вториот нацрт за ОЈЛ верзија 3, заедно со првиот нацрт за дискусија на пОЈЛ.
Во текот на 2006 кон овие нацрти беа направени околу 620 коментари од заедницата и стручните правници.
Третиот нацрт излезе на 28 март, 2007г.
Развивачите на Linux јадрото коментираа за оваа верзија по што и Linus Torvalds изрази задоволство од последниот нацрт на ОЈЛ верзија 3, по претходните несогласувања. Richard Stallman очекува официјална верзија 3 на ОЈЛ во текот на првата половина на 2007г.
Структура
ОЈЛ ја има следнава структура:
- Наслов;
- Вовед;
- Одредби и услови за умножување, разделба и менување (12 члена, последните два се однесуваат на отсуство на гаранција); и
- Како да се применуваат овие одредби на вашите нови програми (кратко практично упатство).
Оригиналниот текст можете да го најдете овде. Преведен неофицијален превод на ОЈЛ, може да прочитате овде.