ClassmatePC: Разлика помеѓу преработките
(Преформулирана забелешката на Новица) |
с (8 ревизии: initial) |
||
(Не се прикажани 3 меѓувремени преработки од 2 корисници) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
Искуството што го имав со [[ClassmatePC]] на Интел беше еден вторник пред почетокот на едно СподелиКино. Дојдов порано околу 18ч, го чекав Новица да го донесе. Лаптопот го доби Слободен софтвер Македонија на реверс | Искуството што го имав со [[ClassmatePC]] на Интел беше еден вторник пред почетокот на едно СподелиКино. Дојдов порано околу 18ч, го чекав Новица да го донесе. Лаптопот го доби Слободен софтвер Македонија на реверс од [http://www.pep.org.mk/ PEP], проект на USAID, за ние да го тестираме како ќе работи под Линукс. | ||
Единствен услов беше да го вратиме во состојбата во која сме го зеле, т.е. ако некако го избришеме Windows-от што си доаѓаше со лаптопот, да може истиот да го вратиме назад. Беше решено дека нема потреба од никакво бришење и дека лаптопот ќе го подигнеме од жива дистрибуција преку УСБ. Изборот беше [[SLAX]] Linux. | Единствен услов беше да го вратиме во состојбата во која сме го зеле, т.е. ако некако го избришеме Windows-от што си доаѓаше со лаптопот, да може истиот да го вратиме назад. Беше решено дека нема потреба од никакво бришење и дека лаптопот ќе го подигнеме од жива дистрибуција преку УСБ. Изборот беше [[SLAX]] Linux. | ||
Лаптопот има димензии на (скоро) стандарден нотес или роковник (или можеби некаков учебник). Висок е околу 3цм и има рачка од назад за да може да се носи како чантичка. Сите приклучоци се од страна. Има два УСБ-приклучоци, приклучок за напојување, приклучоци за микрофон и слушалки и мрежен приклучок. Процесорот е Intel Mobile Celeron ULV, | Лаптопот има димензии на (скоро) стандарден нотес или роковник (или можеби некаков учебник). Висок е околу 3цм и има рачка од назад за да може да се носи како чантичка. Сите приклучоци се од страна. Има два УСБ-приклучоци, приклучок за напојување, приклучоци за микрофон и слушалки и мрежен приклучок. Процесорот е Intel Mobile Celeron ULV, со фреквенција од 900MHz, има 256МБ РАМ и има flash-диск од 2ГБ, бидејќи е модел предвиден за Windows. Моделите што се предвидени за Линукс (специјална верзија на Мандрива 2007 што не успеавме да ја добиеме) имаат 1ГБ диск. Самите flash-дискови се интерно врзани преку УСБ-магистрала. Има звучна картичка (?), стандардна етернет мрежна (RTL8139?) и бежичен чип од RaLinkTech(rt73). Екранот е со дијагонала од 7 инчи и со резолуција 800x480, што е помало од резолуцијата на [[OLPC]] и мислам дека можеле да го направат малку поголем.(некои други технички карактеристики??) | ||
Прво малку поработев на Windows. Релативно стандардна инсталација на WindowsXP, со некои мали промени, внатре имаше инсталирани управувачи (драјвери) за додатоците што доаѓаат со лаптопот (оптичко пенкало и сл.), како и | Прво малку поработев на Windows. Релативно стандардна инсталација на WindowsXP, со некои мали промени, внатре имаше инсталирани управувачи (драјвери) за додатоците што доаѓаат со лаптопот (оптичко пенкало и сл.), како и соодветниот софтвер. Прва работа што ми направи впечаток е невообичаено (за мене барем) малата тастатура (не им беше мала на основците што си играа со него). Самите тастери се мали, приближно 60% од површината на стандарден тастер, па морав да пишувам поспоро. Лаптопот има touchpad со кружна форма и две копчиња. Самиот touchpad беше со добар одзив, копчињата фунционираа нормално. На самиот лаптоп немаше нешто многу софтвер инсталирано, немаше МС Офис (нормално треба да се плати :), а не ни текна да инсталираме ОпенОфис под Windows). Затоа имаше разни видови DRM, TPM и софтвер за заштита на лаптопот. Т.е. лаптопот е конфигуриран да се поврзува со централен сервер и да се регистрира. Ако тоа не се направи, постојат интерни електроники што ќе го „спржат“ лаптопот, по што истиот станува <u>тотално</u> неупотреблив. За заштита од кражби... | ||
Потоа дојде Дамјан со спремно УСБ со инсталиран [[SLAX]] на него. [[SLAX]] е интересна и модуларна жива дистрибуција на која може доста лесно да се додава софтвер. Може да се подигне од УСБ форматирано со ФАТ32 така што нема потреба од некои посебни форматирања на флеш-дискот. Но сепак, на УСБ-то мора да се инсталира подигач, во случајов syslinux (мислам?). Тука настана првиот (и единствен :) ) проблем, бидејќи Дамјан го имаше поинаку конфигурирано УСБ-то (без емулација на флопи?). По кратка интервенција, УСБ-то беше реконфигурирано и лаптопот се подигна без проблем. :) | Потоа дојде Дамјан со спремно УСБ со инсталиран [[SLAX]] на него. [[SLAX]] е интересна и модуларна жива дистрибуција на која може доста лесно да се додава софтвер. Може да се подигне од УСБ форматирано со ФАТ32 така што нема потреба од некои посебни форматирања на флеш-дискот. Но сепак, на УСБ-то мора да се инсталира подигач, во случајов syslinux (мислам?). Тука настана првиот (и единствен :) ) проблем, бидејќи Дамјан го имаше поинаку конфигурирано УСБ-то (без емулација на флопи?). По кратка интервенција, УСБ-то беше реконфигурирано и лаптопот се подигна без проблем. :) | ||
Ред 18: | Ред 18: | ||
Важната работа со лаптопот е што е дизајниран за деца од основно училиште. Деновиве многу деца уште од мали нозе можат да си играат со десктоп компјутери и затоа мислев дека кога дечињата што требаше да си поиграат со Classmate-от нема да бидат претерано заинтересирани. Сепак се покажа спротивното. Не само што се забавуваа туку и многу лесно се снаоѓаа во KDE на македонски. [[Корисник:Новица|Новица]] 07:25, 30 July 2007 (CDT) | Важната работа со лаптопот е што е дизајниран за деца од основно училиште. Деновиве многу деца уште од мали нозе можат да си играат со десктоп компјутери и затоа мислев дека кога дечињата што требаше да си поиграат со Classmate-от нема да бидат претерано заинтересирани. Сепак се покажа спротивното. Не само што се забавуваа туку и многу лесно се снаоѓаа во KDE на македонски. [[Корисник:Новица|Новица]] 07:25, 30 July 2007 (CDT) | ||
[[Категорија:Битно?]] | |||
[[Категорија:Општо]] |
Последна преработка од 17:28, 29 јануари 2011
Искуството што го имав со ClassmatePC на Интел беше еден вторник пред почетокот на едно СподелиКино. Дојдов порано околу 18ч, го чекав Новица да го донесе. Лаптопот го доби Слободен софтвер Македонија на реверс од PEP, проект на USAID, за ние да го тестираме како ќе работи под Линукс.
Единствен услов беше да го вратиме во состојбата во која сме го зеле, т.е. ако некако го избришеме Windows-от што си доаѓаше со лаптопот, да може истиот да го вратиме назад. Беше решено дека нема потреба од никакво бришење и дека лаптопот ќе го подигнеме од жива дистрибуција преку УСБ. Изборот беше SLAX Linux.
Лаптопот има димензии на (скоро) стандарден нотес или роковник (или можеби некаков учебник). Висок е околу 3цм и има рачка од назад за да може да се носи како чантичка. Сите приклучоци се од страна. Има два УСБ-приклучоци, приклучок за напојување, приклучоци за микрофон и слушалки и мрежен приклучок. Процесорот е Intel Mobile Celeron ULV, со фреквенција од 900MHz, има 256МБ РАМ и има flash-диск од 2ГБ, бидејќи е модел предвиден за Windows. Моделите што се предвидени за Линукс (специјална верзија на Мандрива 2007 што не успеавме да ја добиеме) имаат 1ГБ диск. Самите flash-дискови се интерно врзани преку УСБ-магистрала. Има звучна картичка (?), стандардна етернет мрежна (RTL8139?) и бежичен чип од RaLinkTech(rt73). Екранот е со дијагонала од 7 инчи и со резолуција 800x480, што е помало од резолуцијата на OLPC и мислам дека можеле да го направат малку поголем.(некои други технички карактеристики??)
Прво малку поработев на Windows. Релативно стандардна инсталација на WindowsXP, со некои мали промени, внатре имаше инсталирани управувачи (драјвери) за додатоците што доаѓаат со лаптопот (оптичко пенкало и сл.), како и соодветниот софтвер. Прва работа што ми направи впечаток е невообичаено (за мене барем) малата тастатура (не им беше мала на основците што си играа со него). Самите тастери се мали, приближно 60% од површината на стандарден тастер, па морав да пишувам поспоро. Лаптопот има touchpad со кружна форма и две копчиња. Самиот touchpad беше со добар одзив, копчињата фунционираа нормално. На самиот лаптоп немаше нешто многу софтвер инсталирано, немаше МС Офис (нормално треба да се плати :), а не ни текна да инсталираме ОпенОфис под Windows). Затоа имаше разни видови DRM, TPM и софтвер за заштита на лаптопот. Т.е. лаптопот е конфигуриран да се поврзува со централен сервер и да се регистрира. Ако тоа не се направи, постојат интерни електроники што ќе го „спржат“ лаптопот, по што истиот станува тотално неупотреблив. За заштита од кражби...
Потоа дојде Дамјан со спремно УСБ со инсталиран SLAX на него. SLAX е интересна и модуларна жива дистрибуција на која може доста лесно да се додава софтвер. Може да се подигне од УСБ форматирано со ФАТ32 така што нема потреба од некои посебни форматирања на флеш-дискот. Но сепак, на УСБ-то мора да се инсталира подигач, во случајов syslinux (мислам?). Тука настана првиот (и единствен :) ) проблем, бидејќи Дамјан го имаше поинаку конфигурирано УСБ-то (без емулација на флопи?). По кратка интервенција, УСБ-то беше реконфигурирано и лаптопот се подигна без проблем. :)
Лаптопот се подигна под Линукс и автоматски се најави во КДЕ. Почнав да разгледувам по системот и малкуте апликации што беа инсталирани. SLAX не беше конфигуриран со македонските преводи на КДЕ, но имаше македонска поддршка (тастатура, фонтови со кирилица) (и Windows ја има). Јас имав со мене лаптоп на кој беа инсталирани нови преводи на КДЕ, па со едноставно копирање на вистинското место и рестартирање на графичката околина, КДЕ-то беше на македонски. КДЕ-то имаше сосема нормален одзив, апликациите се подигаа без поголеми застои...
Општо земено, пристоен лаптоп кој и повеќе од добро може да ја врши функцијата за која е наменет, а тоа е едукација на младите.
Боби 13:44, 29 July 2007 (CDT)
Важната работа со лаптопот е што е дизајниран за деца од основно училиште. Деновиве многу деца уште од мали нозе можат да си играат со десктоп компјутери и затоа мислев дека кога дечињата што требаше да си поиграат со Classmate-от нема да бидат претерано заинтересирани. Сепак се покажа спротивното. Не само што се забавуваа туку и многу лесно се снаоѓаа во KDE на македонски. Новица 07:25, 30 July 2007 (CDT)