OLPC

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
XO-1 лаптоп со опис за неговите делови

OLPC или XO-1 или претходно познатиот „Лаптоп од 100 долари“ или „Детска машина“ е ефтиниот пренослив компјутер создаден со цел да биде дистрибуиран на децата низ светот, особено во земјите во развој, со цел овозможување полесен пристап до знаењето. Лаптопот е развиен од трговската асоцијација One Laptop per Child (OLPC), непрофитна организација од САД, создадена од членови на MIT Media Lab со цел дизајнирање, производство и дистрибуција на лаптопот и неговиот софтвер.

Елегантниот компјутер со мала електрична потрошувачка содржи флеш меморија наместо тврд диск и користи GNU/Linux оперативен систем. Мобилното адхок вмрежување се користи за пристап на Интернет од само една врска.

Лаптопите може да се продаваат на владите и да се достават до децата преку училиштата на основа еден лаптоп за секое дете. Цената се очекува да започне од 135 долари па се до 175 долари додека целта е да се достигне цена од 100 долари до 2008г. Во просек, околу 500 машини за развивачи (Alpha-1) беа дистрибуирани во летото 2006г. 875 прототипи пак (Beta-1), беа дистрибуирани на крајот на 2006г, а пак 2400 Beta-2 машини беа дистрибуирани до крајот на Февруари 2007г. Целосно производство е веќе започнато и во тек. Quanta Computer, компанијата која ги доби правата за изработка на овие компјутери, потврди дека за 2007г. се нарачани 1 милион компјутери. Исто така потврдија дека се очекува да произведат од 5-10 милиони XO компјутери до крајот на 2007г. имајќи во предвид дека неколку земји веќе нарачаа компјутери за учениците во нивните земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Либија, Нигерија, Руанда, Тајланд и Уругвај.

Мисија и визија

  • останати врски кон преведени текстови

Факти

Еве неколку работи кои што ќе ве запознаат со лаптопот за секое дете

Хардвер

Преносливиот компјутер од 100 американски долари (сегашен модел: OLPC XO-1) е произведен од Quanta Computers, кои имаат 33% од акциите на сите преносливи компјутери низ светот. Содржи AMD LX-Geode CPU на 700Mhz и 256 MB RAM. Нема тврд диск туку 1GB флеш меморија. Дво-режимен SVGA LCD екран (монохромен и во боја) што придонесува во зачувувањето на електричната енергија. Вграден бежичен интерфејс и камера во боја.

Софтвер

Софтверот на OLPC е слободен софтвер, оперативниот систем е Fedora Core, графичката околина се вика Sugar. Како веб прелистувач се користи специјална верзија на Firefox, обработувачот за текст е Abiword, а е-пошта се користи GMail. LinuxBIOS-от е зачуван на 1 MB флеш ROM.

Историја и цел

OLPC (почетно група во лабораторијата на MIT, сега независна организација) предложи за дизајнирање на пренослив компјутер со ниска цена наменет за користње од деца во земјите во развој. Преносливиот компјутер е достоинствен за едукација на децата преку користењето на технологијата како и да ја поврзе следната генерација на мислители.

Временска рамка

Првите прототипи на преносливите XO компјутери беа испратени при крајот на 2006 г. Во фебруари 2007, беше започната пилот програма со преку илјада машини. Првото откривање е планирано за септември 2007.

Врски