OLPC:Често поставувани прашања

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Сакате да знаете како и зошто овој проект е започнат?

Николас Негропонте, лидер на проектот (OLPC), одговара на овие прашања.

Што навистина е „лаптопот од 100 долари“?

XO е GNU/Linux-базиран, со екран со двоен режим на прикажување во боја, DVD уред и втор екран (по избор) во црно-бела варијанта, рефлективен и со можност за читање при сончева светлина. Лаптопот ќе има процесор од 500MHz и 128MB DRAM, со 500MB флеш меморија. Нема да има тврд диск, но е има три USB порти и еден слот за проширување за SD-картица. Лаптопите ќе имаат и безжична врска што меѓу другото им овозможува и локална безжична мрежа (mesh). Секој лаптоп ќе може да контактира со најблискиот до него „сосед“ (друг лаптоп), создавајќи адхок, локална мрежа. Лаптопите се со моќен дизајн, овозможувајќи користење на иновативни технолошки решенија (вклучувајќи и wind-up).

Зошто на децата од земјите во развој им треба лаптоп?

Лаптопите се и алатка со која ќе можат да размислуваат, но и прозорец кон светот. Тие се прекрасен начин за сите деца да можат да учат преку независна интеракција и истражување.

Зошто не десктоп компјутер или уште подобро, рециклирана декстоп машина?

Десктоп компјутерите се поефтини, но мобилноста е од големо значење, особено кога станува збор за поседување на компјутер во домашни услови вон школото. Децата од земјите во развој имаат потреба од најнови технологии, особено модерен хардвер и иновативен софтвер. Последните податоци кои доаѓаат од Мејн ни укажуваат на важноста од користење на лаптоп во секојдневниот процес на образование, како и за забава. Носењето на лаптопот дома ја ангажира целата фамилија. Во едно камбоџанско село каде што сме работеле, нема струја, па така лаптопот претставува и најдобриот уред за осветлување во домовите.

Најпосле, што се однесува до рециклиураните машини, ако земеме во предвид дека има над 100 милиони искористени (половни) десктоп компјутери во светот, и секој од нив има потреба од само еден час човечко внимание да биде повторно во употреба, тоа се десетици илјади часови работа. Така, и покрај тоа што го охрабруваме рециклирањето на користените компјутери, тоа сепак не е решение за потребите на OLPC.

Како е можно да се достигне толку ниска цена?

Најпрво, со драматично намалување на цената на екранот. Машините од првата генерација ќе имаат екран со двоен режим за приказ кој ќе биде нешто подобра верзија од LCD дисплеите што обично се наоѓаат во ефтините DVD плеери. Овие екрани се користат дури и во црно-бел режим и имаат добра рефлексија кон сончевата светлина и чинат во просек 35 долари.

Како второ, ќе го отстраниме вишокот од системите. Денешните лаптопи се дебели. Две третини од нивниот софтвер е користен за справување со останатата третина, што впрочем извршува иста функција на 9 различни начини.

И како трето, ќе ги нудиме лаптопите во многу големи количини (милиони), директно до министерствата за образование, кои можат потоа да им ги дистрибуираат како книги.

Зошто е толку важно секое дете да има компјутер? Што има лошо во општествените центри?

подобар превод

Никој не помислува на заеднички моливи, затоа што децата имаат нивни моливчиња. Тие се алатки со кои можат да мислат, ефтини за користење при работа и играње, цртање и пишување, како решавање математички задачи. Компјутерот може да биде иста таква алатка, но многу помоќна. Понатаму, постојат многу причини кои ја потенцираат важноста да децата поседуваат нешто како топка, кукла или книга, not the least of which being that these belongings will be well-maintained through love and care.

Што е со поврзувањето? Нели телекомуникационите услуги во земјите во развој се скапи?

Штом овие машини се отворат од кутијата, прават меѓусебна безжична (mesh) мрежа, peer-to-peer (преку која се споделуваат податоци). Ова првенствено е развиено од MIT во Media Lab. Исто така се истражуваат начини за нивно поврзување на Интернет, без големи трошоци.

Што може да направи лаптоп од 1000 долари, што не може од 100?

Не многу. Планот е XO да може да прави се. Тоа што нема да го прави е зачувување масивно количество податоци во него, но ќе има пристап до мрежа каде што ќе може да го стори тоа на некој сервер.

Како ќе се нудат овие лаптопи?

Лаптопите ќе бидат продадени до владите и испорачани до децата преку училиштата на основа „по еден лаптоп за секое дете“. Во преговори сме со Аргентина, Бразил, Уругвај, Централна Америка, Етиопија, Либија, Нигерија, Руанда, Пакистан и Тајланд. Како дополнение, мал број машини ќе бидат испратени до развивачите на XO низ светот. Комерцијална верзија на овие компјутери се очекува во 2008г.

Кога очекувате овие лаптопи да стигнат до пазарот? Што би било најголема пречка?

Според нашиот распоред, испораката треба да започне до средината на 2007г. Производството ќе започне со 5-10 милиони машини кои се веќе нарачани и платени однапред.

Најголема пречка ќе е производство на 100 милиони парчиња на било што. Ова не е проблем во синџирот на снабдување, туку и проблем во самиот дизајн. Овој податок влева страв, но сепак вчудоневидени сме од тоа што некои компании ни го предлагаат. Се чини дека половина од проблемите ќе бидат решени со дополнителни одлуки.

Кој е оригиналниот производител на дизајнот (ОПД) на XO?

Quanta Computer Inc. од Тајван се избрани за ОПД за XO лаптопот. Одлуката е донесена откако бордот ги разгледа предлозите од неколку можни кандидати за производство.

Quanta Computer Inc. е основана во 1988 во Тајван. Со преку 10 милијарди долари во продажба, Quanta се најголемите светски производители на лаптоп компјутери. Компанијата исто произведува и мобилни телефони, LCD телевизори, сервери итн. Во продолжение, Quanta неодамна отворија нов центар од 200 милиони долари во Тајван (Quanta R&D Complex). Просторот, отворен во првата третина на 2005г. има големина од 2.2 милиони стапки квадради и капацитет да здоми преку 7000 инжињери.

Како ќе биде структуирана оваа иницијатива?

Видете OLPC.

Врски