Firefox: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник)
Ред 1: Ред 1:
Mozilla Firefox е еден од најкористените прелистувачи на Интернет. Веројатно и најкористениот. Тоа доведува до потреба на негова оптимизација со што ќе се задоволат некои потреби на крајните корисници. Во [[GNU/Linux]] дистрибуциите Mozilla пакетите се речиси секаде стандардни. Речиси и да нема дистрибуција што ги нема Firefox, [[Thunderbird]] итн.  
Mozilla Firefox е еден од најкористените прелистувачи на Интернет. Веројатно и најкористениот. Тоа доведува до потреба на негова оптимизација со што ќе се задоволат некои потреби на крајните корисници. Во [[GNU/Linux]] дистрибуциите Mozilla пакетите се речиси секаде стандардни. Речиси и да нема дистрибуција што ги нема Firefox, [[Thunderbird]] итн.  


Firefox mоже да го [http://www.mozilla.com/firefox/ симнете од овде], последна стабилна верзија е 1.5.0.3 и има верзија од прелистувачот на [http://mozilla.softver.org.mk/ македонски јазик].
Firefox mоже да го [http://www.mozilla.com/firefox/ симнете од овде], последна стабилна верзија е 1.5.0.4. и има верзија од прелистувачот на [http://mozilla.softver.org.mk/ македонски јазик].


[[Слика:Firefox.png|thumb|Mozilla Firefox во комбинација со Natalie Portman]]
[[Слика:Firefox.png|thumb|Mozilla Firefox во комбинација со Natalie Portman]]
Ред 56: Ред 56:




[[Category:Мрежа]]
[[Категорија:Мрежа]]

Преработка од 01:56, 4 февруари 2007

Mozilla Firefox е еден од најкористените прелистувачи на Интернет. Веројатно и најкористениот. Тоа доведува до потреба на негова оптимизација со што ќе се задоволат некои потреби на крајните корисници. Во GNU/Linux дистрибуциите Mozilla пакетите се речиси секаде стандардни. Речиси и да нема дистрибуција што ги нема Firefox, Thunderbird итн.

Firefox mоже да го симнете од овде, последна стабилна верзија е 1.5.0.4. и има верзија од прелистувачот на македонски јазик.

Mozilla Firefox во комбинација со Natalie Portman

Некогаш Mozilla Firefox прави она што ни треба и очекуваме. Некогаш се однесува чудно, на моменти бавно или изгледа грдо. За таа цел странава треба да понуди решенија и предлози за подобра работа со Mozilla Firefox.

Јадење меморија

Пред некое време се појави некој пропуст во Firefox кој сега веќе треба и да е решен. Но во секој случај доколку Mozilla Firefox се однесува бавно и ви јаде непотребно РАМ, може да го направите следново:

Отворете Firefox и во полето за адреса пишете about:config. Ќе се отвори листа со подесувања од каде што Firefox вчитува потребни вредности. Десен клик во листата со вредности и кликнете врз New->Boolean и како вредност внесете config.trim_on_minimize. После тоа ќе ве праша за вредност на низата, изберете True. Рестартирајте го Firefox. Проблемот треба да е решен.

Кирилични кратенки за тастатура

Преземено од блогот на Дамјан.

Aко сте во кириличен режим и сакате да отворите ново јазиче или уште почесто да направите некој копирање или вметнување на текст, морате прво да смените во латиничен режим/распоред на тастатурата, бидејќи Firefox не ја препознава комбинацијата CTRL-Џ како CTRL-X.

Во GNU/Linux таа операција е 100-пати полесна таа операција отколку во Windows(tm), сепак нервира... крај за уште еден напор...

  • Инсталирање на екстензијата KeyConfig.

Најпрво инсталирајте ја екстензијата за конфигурирање на копчиња - KeyConfig.

  • Исклучете го Firefox
  • Додајте го следново во prefs.js (се наоѓа во ~/.mozilla/firefox/<profile>/prefs.js)
 user_pref("keyconfig.main.xxx_key__CyrillicCloseTab", "control][Њ][][BrowserCloseTabOrWindow();][chrome://browser/content/browser.xul");
 user_pref("keyconfig.main.xxx_key__CyrillicCopy", "control][Ц][][goDoCommand('cmd_copy');][chrome://browser/content/browser.xul");
 user_pref("keyconfig.main.xxx_key__CyrillicCut", "control][Џ][][goDoCommand('cmd_cut');][chrome://browser/content/browser.xul");
 user_pref("keyconfig.main.xxx_key__CyrillicNewTab", "control][Т][][BrowserOpenTab();][chrome://browser/content/browser.xul");
 user_pref("keyconfig.main.xxx_key__CyrillicPaste", "control][В][][goDoCommand('cmd_paste');][chrome://browser/content/browser.xul");
  • Вклучете го Firefox по што кратенките од тастатурата ќе работат како што очекувате.

Направете го Firefox побрз

Нештово го правело прелистувачот побрз. Во новите верзии овие подесувања може веќе да постојат, затоа прво проверете.

Впишете во полето за адреса about:config. Најдете ги следните записи network.http.pipelining, network.http.proxy.pipelining и network.http.pipelining.maxrequests. Вредноста на првиот и вториот запис (network.http.pipelining и network.http.proxy.pipelining) поставете ја на TRUE, а вредноста на третиот (network.http.pipelining.maxrequests) поставете ја на 30 (во секој случај над 20). Потоа со десен клик додадете нов запис од тип Integer со име nglayout.initialpaint.delay и вредност 0.

Рестартирајте го Firefox

Врски

Официјална страна на Mozilla

Екстензии за Firefox

Теми за Firefox

Mozilla Thunderbird