КуќенРед-ПредлогПромени: Разлика помеѓу преработките
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник) | |||
Ред 4: | Ред 4: | ||
* КИКА е отворен простор. | * КИКА е отворен простор. | ||
* Пушењето е забрането. | * Пушењето е забрането. | ||
* По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото | * По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото ѓубре и фрли го! Оддржувај го просторот чист! | ||
* Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата [[http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members 2s.mk-friends]]. | * Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата [[http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members 2s.mk-friends]]. | ||
* Дежурниот е задолжен за спроведување на куќниот ред и може да ги предупреди членовите и посетителите на хаклабот доколку го прекршуваат куќниот ред. Во крајна инстанца дежурниот има право и обврска да ги замоли членовите/посетителите да го напуштат хаклабот доколку го прекршуваат ќуќниот ред и со тоа го оневозможуваат нормалното функционирање на хаклабот. Дежурниот е должен сите инциденти да ги пријави на наредниот состанок на хаклабот КИКА. | * Дежурниот е задолжен за спроведување на куќниот ред и може да ги предупреди членовите и посетителите на хаклабот доколку го прекршуваат куќниот ред. Во крајна инстанца дежурниот има право и обврска да ги замоли членовите/посетителите да го напуштат хаклабот доколку го прекршуваат ќуќниот ред и со тоа го оневозможуваат нормалното функционирање на хаклабот. Дежурниот е должен сите инциденти да ги пријави на наредниот состанок на хаклабот КИКА - во отсуство на дежурниот, сите останати присутни членови имаат обврска да го заменат дежурниот и да се осигураат дека не се пореметува работната атмосфера. | ||
* Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење. | * Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење. | ||
* Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите. Ова не вклучува седење и пиење пиво и галамење, хаклабот е простор за работа и дружење но ако сакаш да да пиеш алкохол со твоите пријатели и да се забавуваш оди во некој од околните кафичи/кафани, дружењето не смее да се одвива на штета на работната атмосфера. | * Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите. Ова не вклучува седење и пиење пиво и галамење, хаклабот е простор за работа и дружење но ако сакаш да да пиеш алкохол со твоите пријатели и да се забавуваш оди во некој од околните кафичи/кафани, дружењето не смее да се одвива на штета на работната атмосфера. |
Последна преработка од 20:17, 20 октомври 2012
Почитување на куќниот ред е неопходен услов за успешно функционирање на Хаклабот.
КУЌЕН РЕД
- КИКА е отворен простор.
- Пушењето е забрането.
- По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото ѓубре и фрли го! Оддржувај го просторот чист!
- Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата [2s.mk-friends].
- Дежурниот е задолжен за спроведување на куќниот ред и може да ги предупреди членовите и посетителите на хаклабот доколку го прекршуваат куќниот ред. Во крајна инстанца дежурниот има право и обврска да ги замоли членовите/посетителите да го напуштат хаклабот доколку го прекршуваат ќуќниот ред и со тоа го оневозможуваат нормалното функционирање на хаклабот. Дежурниот е должен сите инциденти да ги пријави на наредниот состанок на хаклабот КИКА - во отсуство на дежурниот, сите останати присутни членови имаат обврска да го заменат дежурниот и да се осигураат дека не се пореметува работната атмосфера.
- Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење.
- Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите. Ова не вклучува седење и пиење пиво и галамење, хаклабот е простор за работа и дружење но ако сакаш да да пиеш алкохол со твоите пријатели и да се забавуваш оди во некој од околните кафичи/кафани, дружењето не смее да се одвива на штета на работната атмосфера.
- Се охрабрува активно учество на сите членови и посетители во тековните активности на хаклабот, секако можеш да седиш и да набљудуваш но сигурно има нешто околу кое што можеш да помогнеш, прашај слободно, понуди ја твојата помош.
- Прочитај го упатството за фер користење на мрежата во хаклабот и секогаш користи HTTPS.
- Членарината е задолжителна за членовите. Члeнарината не е задолжителна за останатите посетители. Кој сака, уплаќа по 20 евра. Членарината се собира од 20ти до 27ми во месецот. Парите се трошат за кирија и функционирање на хаклабот.
- Тој што плаќа членарина станува член. Членовите имаат пристап до хаклабот 24x7.
- Посетител кој што со посебен интерес и активности придонесува во работата на хаклабот а не е во можност да плаќа членарина може да биде изгласан за член.
- Се очекува од сите членови и посетители да го почитуваат куќниот ред на зградата (без галама после 22.00ч).
- За примањето и отстранувањето на нови членови на хаклабот КИКА се одлучува на редовните состаноци за хаклабот.
- Секој член може да биде отстранет поради недолично однесување и прекршување на едно или повеќе од правилата во куќниот ред.