Датотечен систем: Разлика помеѓу преработките
(→/var) |
с (2 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:34, 29 јануари 2011
Нема сомнение дека едно од најзбунувачките нешта кај Linux (барем за новите Linux корисници) е фајл-системот. Бидејќи повеќето од луѓето што прв пат се среќаваат со Linux се навикнати на Windows шемата, познавањето на C:Windows нема да им помогне многу. Со овој текст ќе се обидам да им олеснам на новите Linux корисници подобро да го запознаат Linux фајл-системот и да ги сфатат значењата на /etc /usr /boot ...
Еве кратка листа на најважните елементи што го сочинуваат стеблото на Linux податочниот систем:
/
/ се чита root (рут). root директориумот се смета за почеток на целиот фајл-систем во Linux и UNIX. Во некоја смисла, тој е еквивалентен со C: во DOS и во Windows. root (/) не смее да се помеша со / root кој всушност претставува home директориум за root акаунтот.
/bin
Овој директориум ги содржи основните извршни датотеки потребни за работа во конзола (ls, mv, cp, mkdir, tar, cat ...)
/boot
Овој директориум ги содржи сите фајлови потребни за бутирање на оперативниот систем. Овие датотеки се неопходни за алоцирање на меморија и mount-ирање на други фајл-системи. Препорачливо е, при инсталирање на Linux, /boot директориумот да се креира на посебна партиција од околу 30тина мегабајти.
/dev
Уште едно нешто што е тешко да се разбере за новите Linux корисници е тоа што во оваа околина се е претставено како фајл. Така на пример, хардверските уреди се mount-ирани во соодветен директориум на фајл-системот, во овој случај /dev. Овде ќе го најдете целиот хардвер што го имате: /dev/cdrom, /dev/floppy, /dev/hda1 ...
/etc
Овој директориум ги содржи најголем дел од системските конфигурациони датотеки за Linux: XF86Config и целиот /etc/X11 (конфигурационите фајлови за X.org), /etc/rc.d (датотеките за иницијализација), /etc/fstab (опис за останатите датотечни системи) итн.
/home
Овој директориум ги чува сите датотеки што им припаѓаат на корисниците кои имаат сметка на системот. (пр. /home/tosho за корисникот tosho)
/lib
Овој директориум ги содржи сите системски библиотеки потребни за стартување на Linux апликациите.
/lost+found
Доколку се случи Linux системот да падне (на пример при снемување на струја), fsck ќе се стартува откако ќе го рестартирате системот и ќе провери дали имате оштетени датотеки (сличнo на ScanDisk во Windows). Во случај најде нешто, ќе го стави во /lost+found
/mnt
Овој директориум е креиран за во него да ги монтирате другите надворешни датотечни системи. Секако, вие можете да ги монтирате каде што сакате, но ова е препорачаниот директориум кој постои токму за таа цел.
/opt
Овој директориум останал како за потсетување на старите добри UNIX денови, кога сите апликации што не доаѓале со оперативниот систем, биле инсталирани овде. Повеќето произведувачи на GNU/Linux дистрибуции веќе не ја користат таа практика и затоа во повеќето случаи овој директориум останува празен.
/proc
Овој директориум претставува виртуелен датотечен систем. Тој воопшто не завзема простор на хард дискот и доколку ја стартувате df командата ќе забележите дека секогаш е наполнет 100%. Ова е вообичаено бидејќи овој директориум го користи кернелот за да динамички ги складира информациите за тоа како работи хардверот. Добра идеја би било да разгледате и да видите какви информации се чуваат овде.
/root
Како што споменав некаде погоре, /root директориумот не не ништо освен домашен директориум за root сметката. (сфатете го како замена за /home/root)
/sbin
Овој директориум ги содржи системските извршни датотеки кои му се важни на оперативниот систем. Без овие фајлови системот нема да може да се подигне.
/tmp
Ова е место каде што Linux ги складира привремените датотеки. (исто како c:\Temp или c:\windows\Temp во Windows)
/usr
Овој директориум ги содржи корисничките извршни датотеки (оние кои не се ставени во /bin или /sbin). Повеќето дистрибуции овој директориум го користат за складирање на датотеките од инсталираните пакети. Посебно интересен дел од /usr е /usr/doc директориумот во кој можете да најдете еден куп документација за софтверот инсталиран на вашиот систем.
/var
Во овој директориум можете да ги најдете spool директориумите за принтерот и поштата, PID-овите за различните daemon-и кои работат во позадина (/var/run), лог датотеки од boot процесот, сигурносни пораки итн.