Емулатор на терминал: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (3 ревизии: initial)
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од истиот корисник)
Ред 26: Ред 26:
== Врски ==
== Врски ==


* [[http://konsole.kde.org Konsole]]
* [http://konsole.kde.org Konsole]
* [[http://directory.fsf.org/gnome-terminal.html GNOME Терминал]]
* [http://directory.fsf.org/gnome-terminal.html GNOME Терминал]
* [[http://www.bellevuelinux.org/terminal_window.html Дефиниција на терминал]]
* [http://www.bellevuelinux.org/terminal_window.html Дефиниција на терминал]
 
[[Категорија:GNU/Linux]]
[[Категорија:Оперативни системи]]

Последна преработка од 17:34, 29 јануари 2011

Емулатор на терминал, терминална апликација, терм или скратено tty, е програма која емулира терминал на нечиј видео излез. Иако често се користат синоними како командна линија, школка или текстуален терминал, терминот терминал ги покрива сите оддалечени терминали, вклучувајќи ги и графичките интерфејси. Емулаторот на терминал во самиот графички кориснички интерфејс често се нарекува прозорец за терминал.

Прозорецот за терминал овозможува пристап до текстуалниот терминал од страна на корисникот и сите апликации кои се достапни за интерфејсот на командната линија (CLI), како и текстуалните апликации. Овие програми можеби работат на иста машина или на различна преку telnet, ssh или dial-up. На Unix-оидните оперативни системи, вообичаено е да имате еден или повеќе терминални прозорци поврзани со локалната машина.

Терминалите често поддржуваат множество на escape (?) секвенци за контролирање на бои, позиција на курсор, итн.

Програми кои овозможуваат форма на оддалечен пристап за терминална емулација под Windows се HyperTerminal и Microsoft-овиот telnet клиент, исто како и некои надворешни апликации, иако тоа не е класичен случај на поврзување на терминалот со корисникот, поради природата на самиот Windows систем.

На Unix-оидните системи, на нивото на терминалот или емулаторот на терминалот, притискањата на тастерите на тастатурата испраќаат множество на карактери во форма на код за обработка до одредени ресурси. Исто така, карактерот испратен при стискање на копчето Enter и карактерот за ознака за крај на редот се различни и не треба да се мешаат.

Софтвер

Програми под GNU/Linux наменети за емулација на терминал и кои најчесто се користат под различни работни околини се:

  • Gnome-terminal - емулатор на терминал за GNOME
  • Konsole - емулатор на терминал за KDE
  • Xfce-terminal - емулатор на терминал за Xfce
  • xterm
  • aterm
  • rxvt
  • mrxvt
  • wterm
  • SwitchTerm
  • TeemTalk

Врски