Linus Torvalds: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 9: Ред 9:
Linus роден во Хелсинки, Финска, е син на новинарите Anna и Nils Torvalds. Неговата фамилија припаѓа на малцинството Финци кои зборуваат Шведски јазик во Финска. Linus е крстен по '''Linus Pauling''', американски добитник на нобелова награда за хемија, иако тој сака да каже дека е крстен според '''Linus van Pelt''' од познатиот стрип на '''Charles Schulz - ''Peanutes/Snoopy/Charlie Brown''.  
Linus роден во Хелсинки, Финска, е син на новинарите Anna и Nils Torvalds. Неговата фамилија припаѓа на малцинството Финци кои зборуваат Шведски јазик во Финска. Linus е крстен по '''Linus Pauling''', американски добитник на нобелова награда за хемија, иако тој сака да каже дека е крстен според '''Linus van Pelt''' од познатиот стрип на '''Charles Schulz - ''Peanutes/Snoopy/Charlie Brown''.  


Торвалдс учеше на универзитетот во Хелсинки, насока Информатика, од 1988 до 1996, кога и се здоби со магистерска титула. Неговата магистерска дизертација беше крстена ''[[Linux]]: Пренослив оперативен систем''. Од 1997 до 1999 беше вклучен во проектот '''86open''', помагајќи да се избере стандардниот бинарен формат за [[Linux]] и [[Unix]].
Torvalds учеше на универзитетот во Хелсинки, насока Информатика, од 1988 до 1996, кога и се здоби со магистерска титула. Неговата магистерска дизертација беше крстена ''[[Linux]]: Пренослив оперативен систем''. Од 1997 до 1999 беше вклучен во проектот '''86open''', помагајќи да се избере стандардниот бинарен формат за [[Linux]] и [[Unix]].


Неговиот интерес за компјутерите започна со '''Commodore VIC-20'''. Потоа тој набави Sinclair QL компјутер кој драстично го подобри, особено неговиот оперативен систем. Има напишано [[Асемблерски јазик|асемблерски јазик]] и текстуален уредувач за QL, плус неколку игри. Познат е по тоа што има напишано клон на играта Pac-Man, наречена Cool Man. Во 1990 доби '''Intel 80386''' базирана машина од IBM каде често ја играше играта ''Принцот од Персија'', непосредно пред да добие копија од [[Minix]], што претставува пресврт во целокупната негова работа на [[Linux]].
Неговиот интерес за компјутерите започна со '''Commodore VIC-20'''. Потоа тој набави Sinclair QL компјутер кој драстично го подобри, особено неговиот оперативен систем. Има напишано [[Асемблерски јазик|асемблерски јазик]] и текстуален уредувач за QL, плус неколку игри. Познат е по тоа што има напишано клон на играта Pac-Man, наречена Cool Man. Во 1990 доби '''Intel 80386''' базирана машина од IBM каде често ја играше играта ''Принцот од Персија'', непосредно пред да добие копија од [[Minix]], што претставува пресврт во целокупната негова работа на [[Linux]].

Преработка од 16:24, 28 мај 2007

width=48px

Linus Benedict Torvalds e роден на 28 декември 1969г во Хелсинки (Финска) е софтверски инженер познат по тоа што го започна и разви Linux јадрото. Сега ја има улогата на координатор на проектот.

Linus, инспириран од Minix (оперативен систем), започна да развива клон на Unix оперативниот систем кој може да работи на домашните персонални компјутери. Linux исто така сега има свои верзии речиси за сите компјутерски архитектури и хардверски платформи и важи за систем со најголема база на драјвери и модули за хардвер, напишани од хакери професионалци кои го помагаат Linux проектот.

Историја

Linus роден во Хелсинки, Финска, е син на новинарите Anna и Nils Torvalds. Неговата фамилија припаѓа на малцинството Финци кои зборуваат Шведски јазик во Финска. Linus е крстен по Linus Pauling, американски добитник на нобелова награда за хемија, иако тој сака да каже дека е крстен според Linus van Pelt од познатиот стрип на Charles Schulz - Peanutes/Snoopy/Charlie Brown.

Torvalds учеше на универзитетот во Хелсинки, насока Информатика, од 1988 до 1996, кога и се здоби со магистерска титула. Неговата магистерска дизертација беше крстена Linux: Пренослив оперативен систем. Од 1997 до 1999 беше вклучен во проектот 86open, помагајќи да се избере стандардниот бинарен формат за Linux и Unix.

Неговиот интерес за компјутерите започна со Commodore VIC-20. Потоа тој набави Sinclair QL компјутер кој драстично го подобри, особено неговиот оперативен систем. Има напишано асемблерски јазик и текстуален уредувач за QL, плус неколку игри. Познат е по тоа што има напишано клон на играта Pac-Man, наречена Cool Man. Во 1990 доби Intel 80386 базирана машина од IBM каде често ја играше играта Принцот од Персија, непосредно пред да добие копија од Minix, што претставува пресврт во целокупната негова работа на Linux.

Подоцни години

Linus е оженет со Tove Torvalds, шесткратен карате шампион во Финска, која ја сретна есента 1993. Заедно имаат три ќерки, Patricia, Miranda и Daniela. Исто така имаат и мачка наречена Randi (скратено од Mithrandir, едно од имињата на волшебникот Gandalf од Господарот на прстените).

Red Hat и VA Linux, водечки компании за развој на Linux-базиран софтвер, на Torvalds му понудија можност да излезат на берзата, како благодарност за неговото дело. Во 1999 и двете компании, заедно со Torvalds се проценуваат да ценат 20 милиони долари.

Torvalds се пресели во Калифорнија и таму живееше неколку години со неговата фамилија. Во Јуни 2004г., тој и неговата фамилија се преселија во Порталнт, Орегон (САД), за да бидат поблиску до работното место на Linus.

Исто така има работе и за Transmeta од Февруари 1997 до Јуни 2003г. Исто така е дел од конзорциумот на OSDL (Linux фондацијата).

Неговата лична маскота е пингвин, наречен Tux, кој од заедницата на слободен софтвер е прифатена како маскота на Linux јадрото.

Врската помеѓу Linus и Linux

Torvalds најпрво користеше Minix како систем на неговиот компјутер кој подоцна го замени со Linux системот. Најпрво Linux се викал Freax (комбинација од термините free/freak, и буквата X која означува дека се работи за Unixоиден систем), но неговите другари кои му помагаа во развојот на Linux му понудија име на јадрото да биде Linux, Linus+X.

Автор на Linux

2% од целиот Linux денес е напишан од Torvalds. Поради тоа што за Linux придонесуваат многу програмери, тој процент е од големо значење. Тој останува авторитет и носител на одговорноста за целокупниот код кој станува дел од Linux јадрото. Денес неколку милиони линии код.

Linux како заштитен знак

Torvalds го поседува "Linux" заштитниот знак и го набљудува неговото користење преку неговата непрофитна организација Linux International. Злоупотреба на заштитниот знак денеска е речиси невозможна.

Награди и признанија

  • Во 1996 Астероидот 9793 Torvalds е крстен според Linus Torvalds
  • Во 1998 ја добива наградата на Electronic Frontier Foundation
  • Во 1999 добива почесен статус на Д-р на универзитетот во Хелсинки
  • Во магазинот Time, во 2000г. Torvalds беше изгласан на место #17 како најважна личност на минатиот век.
  • Во 2001г. во филмот Swordfish се појавува лик од Финска кој е најдобриот хакер во светот (во филмот) и се вика Axl Torvalds.
  • Во 2004, го добива приматот за највлијателен човек во светото, според Time магазинот
  • Во 2005 изгласан е за најдобар менаџер на анкета од Bussiness Week.

...многу други награди и признанија.


Надворешни врски

Linux јадрото

Лична страна

Биографија

Лугола