Kanotix: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 16:06, 17 мај 2006

Здраво за Kanotix Linux

Kanotix Linux е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Knoppix Linux по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Debian кој се вика Kanotix Linux (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Kanotix на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. Симнете ја од овде. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Kanotix е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Врски