Knoppix

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Стандардна работна околина во Knoppix Linux

Knoppix, е комплетна GNU/Linux дистрибуција базирана на Debian, развивана од Klaus Knopper. Knoppix е изработен главно да се користи како живо CD, но може да се инсталира на тврдиот диск како секој оперативен систем. Компјутерите кои поддржуваат подигнување на оперативен систем од USB уреди можат да го вчитаат Knoppix од USB преносна меморија или мемориски картички.

Постојат две изданија на Knoppix:

  • стандардно издание на CD (700 МВ) и
  • DVD (4.7 GB) "Maxi" издание.

Секое издание има по две јазични верзии, Англиски и Германски. Knoppix се состои најповеќе од слободен софтвер но вклучува и комерцијален софтвер.

Софтвер

Повеќе од 1000 софтверски пакети се вклучени во CD изданието на Knoppix и повеќе од 2600 се вклучени во DVD изданието. Овие пакети вклучуваат:

  • KDE, стандардната работна околина на Knoppix, вклучувајќи го Konqueror како интернет прелистувач и KMail клиентот за е-пошта. Во Knoppix има и други менаџери на прозорци, како Fluxbox. Од Knoppix 5.1.1, вклучен е и Beryl менаџерот на прозорци кој овозможува 3D работна околина;
  • Xmms, со MPEG видео, MP3 аудио, и Ogg Vorbis поддршка;
  • Алатки за пристап до Интернет, вклучувајќи ги KPPP, ISDN алатките и WLAN поддршка;
  • Интернет прелистувачот Mozilla Firefox (познат како Iceweasel на Knoppix)
  • K3b, за снимање на CD и DVD
  • GIMP, програма за манипулација со слики (растерска графика)
  • Алатки за спасување на податоци и системска поправка
  • Алатки за анализа и администрација на мрежа
  • OpenOffice.org
  • Разни алатки за програмирање

Популарност

Knoppix е една од најпопуларните живи GNU/Linux дистрибуции. Има повеќе фактори кои придонесуваат за популарноста на Knoppix:

  • Knoppix беше една од првите Линукс дистрибуции достапни на живо CD
  • Може да се подигне на многу системи без никаква конфигурација
  • Има способност автоматски да се конектира со повеќе вида мрежи
  • Алатките за системска поправка решавање на проблеми

Knoppix работи на многу голем број десктоп и лаптоп компјутери но не на сите. Понекогаш драјверите кои ќе се користат нема да бидат најповолни. Knoppix неможе да препознае некој хардвер од пред 1998 год. или матични плочи со BIOS постар од 2002 год.

Ако компјутерот нема доволно RAM меморија за да подигне KDE или други програми, Knoppix подигнува ограничена TWM работна околина. По подигнувањето на TWM десктоп околината се стартува xterm.

Верзии

Почнувајќи од верзија 4.0, Knoppix е разделен на две изданија: DVD "maxi" издание (со повеќе од 9GB софтвер), и CD "light" издание, двете се развиваат паралелно.

Дериватни верзии

  • All In One USB Knoppix - USB пренослива минијатурна верзија.
  • Accelerated-KNOPPIX – потребни се само 60 секунди или помалку за да се подигне од CD (во зависност од хардверот).
  • Arabbix, постар проект со задача да направи целосно арапска дистрибуција на живо CD.
  • ASork, која вклучува алатки за продуцирање на музика.
  • Auditor Security Collection, наменет за тестирање на сигурноста на мрежите.
  • BioKnoppix, наменет за молекуларни биологисти.
  • Buildix е наменет за развој на инфраструктура со Trac, Subversion и CruiseControl.
  • ClusterKnoppix, кој користи openMosix.
  • Damn Small Linux, е дистрибуција од 50MB со 2.4 кернел. Работи како жива дистрибуција или преку USB.
  • eduKnoppix е наменет за основните училишта во Италија. Се фокусира за деца од 8-15 години и има многу едукативен софтвер.
  • Feather Linux, е дистрибуција од128MB со 2.4 кернел која работи како живо CD и преку USB.
  • Flonix USB Edition, стара дистрибуција на живо CD.
  • Games Knoppix, е дистрибуција која доаѓа со многу игри.
  • grml, наменета за системски администратори и гикови.
  • Kanotix, која е базирана на Knoppix и на Debian.
  • KnopILS, е одлична италијанска верзија.
  • Knoppix STD (Security Tools Distribution), која се фокусира на алатки за компјутерска безбедност.
  • KNOPPIX/Math содржи колекција на софтвер за математика.
  • LEARNIX, содржи алатки за симулација на градење како Radiance и ESP-r.
  • Mediainlinux, е дистрибуција за мултимедијална продукција.
  • MeNTOPPIX, која повеќе изгледа како Windows XP.
  • Musix GNU/Linux, наменета за музичари

Врски

Knoppix вебсајт на англиски

Knoppix на DistroWatch

USB Knoppix - пуштање на Knoppix од USB уред