Beryl

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Beryl е композит менаџер на прозорци за X Window System. Тоа е форк на Compiz.

Неодамна, разговорите помеѓу Beryl и Compiz доведоа до договор со кој ќе се спојат двата проекти под името Compiz-fusion.

Beryl е новото име на Quinnstorm гранката од Compiz, објавен на 19 Септември 2006 откога Quinnstorm и развивачкиот тим, на кој водачот беше Eamon Bell, одлучија дека форкот мора да е понапреден од оригиналниот Compiz започнат од Novell (compiz-vanilla). Откако XGL/Compiz тимот од Novell (најчесто David Raveman) го одби предлогот за спојување на промените во Quinnstorm со compiz-vanilla, дискусијата беше направена за да се направи вистинса разлика. На 20 Октомври 2006, верзијата 0.1.1 беше јавно ставена на официјалните compiz-quinnstorm складишта и огледала. На 15 Март 2007, верзијата 0.2.0 финална и беше официјално пуштена.

Како Compiz и не како традиционалните менаџери на прозорци, Beryl го придржува цртањето на границите на прозорците со одделен процес, наречен декоратор на прозорци (window decorator).

Моментално постојат три од нив, сите наречени според видовите на Beryl, иако само Emerald се смета за стабилен:

Emerald

Emerald e декоратор за прозорци за Beryl. Тој е прв од овој тип и продолжение на cgwd. Неговите можности опфаќаат. сопствен формат на теми и поддршка на ефекти како алфа-транспарентност, форк на Compiz-овиот gtk-window-decorator итн

Heliodor

Уште еден форк на Compiz-овиот gtk-window-decorator, поддржува Metacity теми.

Aquamarine

Овој декоратор поддржува KWin теми и е стандарден во пакетот за Beryl под Kubuntu Feisty.