Unix: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:BellLabs.gif|thumb|Bell Labs, каде што почна се]]
= Вовед =
Unix е оперативен систем развиен во 60тите и 70тите години на минатиот век од група вработени хакери во '''AT&T''', во Bell Labs, вклучувајќи ги ''Ken Thompson, Dennis Ritchie'' и ''Douglas McIlroy''. Денес Unix системите се делат на многу гранки, развиени првенствено во AT&T, а исто така и од комерцијални снабдувачи на компјутерски услуги и непрофитни организации.
Unix е оперативен систем развиен во 60тите и 70тите години на минатиот век од група вработени хакери во '''AT&T''', во Bell Labs, вклучувајќи ги ''Ken Thompson, Dennis Ritchie'' и ''Douglas McIlroy''. Денес Unix системите се делат на многу гранки, развиени првенствено во AT&T, а исто така и од комерцијални снабдувачи на компјутерски услуги и непрофитни организации.



Преработка од 12:28, 28 март 2007

Bell Labs, каде што почна се

Вовед

Unix е оперативен систем развиен во 60тите и 70тите години на минатиот век од група вработени хакери во AT&T, во Bell Labs, вклучувајќи ги Ken Thompson, Dennis Ritchie и Douglas McIlroy. Денес Unix системите се делат на многу гранки, развиени првенствено во AT&T, а исто така и од комерцијални снабдувачи на компјутерски услуги и непрофитни организации.

Денешните сопственици на Unux се The Open Group, конзорциум за зачувување на стандарди. Единствено системи кои се целосно компатибилни и цертифицирани според единствените Unix спецификации може да се оквалификуваат како "UNIX®" системи. Другите се наречени Unix-оидни системи или едноставно Unix-оиди.

Во текот на касните 70ти и раните 80ти години, влијанието на Unix во академските кругови доведе до негово широко прифаќање, првенствно на BSD варијантите кои произлегоа од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Најважен удел во прифаќањето и развојот на комерцијална Unix верзија имаат Sun Microsystems. Денес, постојат широко употребувани Unix-одни системи како што се Linux, Mac OS X и BSD деривати.

Некогаш традиционалниот термин Unix може да се користи за опишување на Unix како оперативен систем или Unix верзија 7 и Unix систем V.

Повеќе за Unix

Овој оперативен систем и неговите деривати се користат за серверски и крајно кориснички потреби. Unix средините и моделот на клиент-сервер имаа суштинска улога во развојот на Интернет мрежата и дефинирањето на компјутерите во мрежни станици, отколку само како индивидуални алатки за крајни корисници.

И Unix и програмскиот јазик C се развиени од AT&T и дистрибуирани за владини или академски институции, со можност да бидат дизајнирани и создадени многу апликации кои ќе бидат достапни за различни типови на машини и архитектури како и други оперативни системи. Голем дел од денешните оперативни системи се базираат на Unix.

Unix е дизајниран да биде пренослив, мултитаскинг оперативен систем, со можност за користење од повеќе корисници и споделување на ресурси со временски ограничувања или без ограничувања воопшто. Unix системите се карактеризираат со различен концепт: користење на чист текст за зачувување на податоци, хиерархиски датотечен систем, третирање на уреди и одредени типови на внатрешно-процесирани комуникации (IPC) како датотеки и користење на голем број мали програми кои ќе се надоврзуваат преку командна линија со користење на цевки (пајпови), како и користење на монолитички програми кои вклучуваат исти функционалности. Овие концепти се познати како Unix философија.

Unix се состои од многу алатки со централизирана контрола од јадрото на системот. Јадрото обезбедува услуги за пуштање и стопирање на програмите, справување со датотечниот систем и други познати задачи на високо ниво кои програмите ги споделуваат и, веројатно најважно распоредување на пристапот кон хардверски компоненти за да се избегне конфликт доколку две програми се обидат да пристапат кон ист ресурс или уред истовремено.

Стандарди

Започнувајќи од раните 80ти, отворената стандардизација за оперативни системи, сега позната како POSIX, овозможи заедничка основа за сите оперативни системи. Истовремено слична стандардизација, наречена Единствена Unix спецификација, беше произведена од The Open Group. Започнувајќи во 1998, овие две тела за стандардизација започнаа со работа да се спојат двата стандарди, со што сега имаме една идентична стандардизација.

Во обид да се добие компатибилност, неколку производители на Unix, се сложија да го користат стандардот за датотеки SVR4 ELF (Executable and Linkable Format), како стандард за бинарни датотеки и објектни кодови. Општиот формат дозволува различни бинарни датотеки да бидат компатибилни на различни типови Unix системи за иста процесорска архитектура.

Слојот за директориуми на некои системи, особено на Linux е дефиниран според стандардот за хиерархија на датотечните системи (FHS). Овој стандард е некако контроверзен и не насекаде прифатен.

Структура

Unix системот е направен од неколку компоненти кои се запакувани заедно. Со вклучување на развојна средина, библиотеки, документи и пренослив и изменлив изворен код за сите овие компоненти, Unix е самосодржан оперативен систем. Ова е една од основите поради која се вклучи во битни научно-истражувачки кругови и процеси.

Спојот на сите овие компоненти не го прави системот голем, оригиналната Unux V7 дистрибуција која се состои од копии на сите компајлирани бинарни датотеки, изворниот код и документацијата, зафаќа помалку од 10MB. Исто така постои и печатена верзија на помошната документација.

Денес Unix системите се изградени од:

Резиме

Денес постојат многу Unix-оидни оперативни системи и нивни слободни деривати. GNU/Linux претставува еден таков Unix-оид кој е развиен на почетокот на 80тите години. Исто така BSD, систем развиен на Berkley универзитетот, има големо значење во денешната професионална употреба на компјутери, особено FreeBSD, NetBSD. Голем број од системите кои денес се користат на десктоп и серверски платформи се иницирани од Unix оперативниот систем, а исто така и голем дел од имплементираните алгоритми, стекови и проширувања на системот играат клучна улога во градењето на можностите на денес познатите оперативни системи.

  • Оперативниот систем Windows користи FreeBSD TCP/IP стек

Врски

[Што е Unix], од IBM

[Како Unix се создаваше], од Bell лабораториите

[The open group]

[Unix историја]