Предлог програма за СподелиЗнаење: Разлика помеѓу преработките
с (66 ревизии: initial) |
|
(нема разлика)
|
Преработка од 17:36, 29 јануари 2011
Како
- Овде можете да напишете што сакате да видите на Сподели знаење
- Можете да се пријавите со некоја презентација, демонстрација, работилница, или пак серија на предавања за програмирање во некој програмски јазик.
Сесии
- Флешување на Linksys WRT-54GL со DD-WRT или со OpenWRT (done)
- Мозила Фајрфокс како алатка за развој на веб апликации
- Drupal with community driven websites , платформа за управување со содржини
- Qt4 (предлог од: gemidjy), можам да спремам општо за новите работи во Qt4 (со мал вовед во Qt), и да направиме заедно некое апликацивче.
KDE4, какоДа: инсталирате, конфигурирате и тестирате KDE4 (or: како да помогнете во развојот на KDE4 со пријавување на грешки вотретатабета верзиите)- Мрежно бутирање (PXE) на Linux работни станици - Дамјан знае да го направи ова, и веројатно ќе го правиме во соработка со ИКТ комора која ќе обезбеди мрежа компјутери и ресурси.
- Централизиран user management во Gnu/Linux мрежа - пандан на Active Directory.. ќе видиме кој ќе го прави ова. Златко може и сака!
- Пиратска работилница: како да направиш торент и да го seed-уваш. како да рипуваш двд кое е заштитено. ... ?
- Пуштање на софтверот од пиом на GNU/Linux со помош на Wine (проверено е дека може да се инсталира .NET 1.1 и дека можат да се пуштаат .NET апликации со применување на неколку дополнителни чекори - треба да се проба!).
- Distro shootout за netbook компјутери (EeePC и слични)
Понуда и побарувачка
Овде можете да запишете што знаете и можете да споделите и што сакате да дознаете на споделувањето знаење. :)
Новица
Знае: воглавно теорија за слободен софтвер и слободна култура
Сака да дознае: од сѐ по нешто
Дамјан
Знае: Python (+ web frameworks), Bash, Erlang, CouchDB, MySQL, мрежи, TCP/IP, PXE, рутирање (OSPF, BGP итн), компајлирање (кернел и све останато), билдање сопствени OpenWRT image-и. Знае да го користи GIT за скоро сѐ. 3G modem како работи под Linux (да речеме оној од Космофон).
Arduino знае по малце а сака да дознае повеќе.
Како да користи R, како да го натера Samsung e590 да инсталира било кои Java програмчиња (а не само потпишани)
Сака да проба: Да направиме еден P2P storage grid систем базиран на Tahoe или elliptics.
Миша
Знае: Wordpress, MoinMoin, IPCop и приказни за слободен софтвер и слободна култура.
Сака да дознае: како да користи Python во секоја можна пригода; користење на Gnu/Linux надвор од десктоп: мобилни уреди, гејтвеи, NAS... ; да компајлира и одржува кернел прилагоден за својот лаптоп.
Маки
Знае:Многу работи околу KDE, Linux Gaming, и доста (не)корисна теорија.
Сака да дознае: Како да направи Audio/Video workstation, како се оптимизира кернелот за даден хардвер, како се конфигурираат мрежи.
Ѓорѓи
Знае: PostgreSQL, Perl, OpenSER (обожава да користи SIP за што треба и не треба), обожава да пишува скрипти (bash & perl), финтаџиски го користи XMPP протоколот за како милува да каже "High Availability Application Clustering".
Сака да дознае: Колку и како се користи GNU/Linux во македонските компании.
Сака да види: Quake 3 на GNU/Linux со звук кој работи :). MBMS во UMTS мрежа.
Глиша
Сака да дознае/научи: Сака да го слушне Ѓорѓи да зборува за OpenSER и SIP; Како во живо да стримува некој настан на веб со слободни алатки; Како да стави Linux, Google Android, Mozilla Fennec на HTC pocketpc; Како да го конфигурира tuxonice suspend2ram и disk на Убунту лаптоп.
Золтан
Знае: да направи централизиран систем за управување со корисници и roaming profile. ldap, samba, nfs и webmin.
Алекс
Знае: Дека користењето на затворен софтвер е лошо за човечката раса; мрежно конфиурирање на ГНУ/Линукс, Џумла администирање, општо Линукс систем администрирање, компајлирање на свашта (дури и на непотребното), Електроника, Микроконтролери - Ардуино (сеуште во почетна фаза на изучување на истото поради недоволно слободно време), Програмирање на ПЛЦ контролери и други технички работи кои имаат мала допидна точка или пак немаат допирна точка со компјутери.
Са да научи: Embedded програмирање, PHP, подетално да навлезе во Мрежи.
Сака да направи: Да инсталира ГНУ/Линукс на 386ка компјутер и да го поврзи на интернет, супер компјутер (кластер) составен од стари (антички) куќишта, огромна ЛЕД коцка со РГБ диоди контролирана од Ардуино.
Далибор
Знае: Ruby (Ruby on Rails), Javascript (jQuery, Prototype).
Сака да види: Презентации за Python, Django или било што поврзано со развој на веб апликации.
gemidjy / Александар
знае дека: да, можеме! </barack obama> whoops. C/C++, Qt (професионално работам ова, yey!), Python (малку Django) и сега учам Android.
Сакам да видам: Светлината на крајот на тунелот. LAL. Хм. Андроид работилници би биле TOP!