Предлог софтвер за почетници: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 49: | Ред 49: | ||
* [http://kopete.kde.org Kopete] | * [http://kopete.kde.org Kopete] | ||
* [http://amsn.sf.net aMSN] | * [http://amsn.sf.net aMSN] | ||
* [http://www.kmess.org/ Kmess] | |||
Gaim и Kopete речиси секогаш доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. За останатите две веројатно ќе треба да ги инсталирате самите вие. | Gaim и Kopete речиси секогаш доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. За останатите две веројатно ќе треба да ги инсталирате самите вие. |
Преработка од 00:16, 27 април 2007
Овој текст е со цел да ве запознае со Linux софтвер кој би бил најлесен за употреба (најдобар) за еден почетник со GNU/Linux.
Најпрвин, мислам дека е добро да почнам со претпоставката дека повеќето од Linux почетниците се понапредни корисници на компјутери и веќе добро го познаваат Windows (ги осетиле неговите недостатоци) како најзастапен оперативен систем на нашите простори. Затоа, текстот ќе се обидам да го преориентирам токму за оние кои се решиле да учествуваат во (р)еволуцијата (со преминување од Windows кон Linux) и сакаат што полесно да го направат тоа.
Како прв чекор за инсталирање на Linux на вашата машина е одбирање на некоја од Linux дистрибуцииите која би овозможила најбезболнен премин и која би содржела замена за основните алатки кои сте ги користеле со предходниот оперативен систем. Докажани дистрибуции кои можат да ви го понудат тоа се RedHat и Mandrake. Значи, одкако ќе се одлучите за една од овие дистрибуции, набавете ги инсталационите CDa и зафатете се за работа.
Бидејќи инсталацијата на Linux е лесна (и веќе документирана) работа, ќе го прескокнам тој дел, и ќе претпоставам дека веќе имате функционален Linux систем, но не можете да се одлучите кои од огромниот број на алатки ќе ги користете за секојдневна работа. Еве листа на најпотребните алатки (замена на некои кои ги имате користено порано) за вообичаена работа на компјутер.
Интернет прелистувачи (Browsers)
Според мене, најдобар пребарувач за сите платформи е Mozilla Firefox. Повеќето од GNU/Linux корисниците ќе се сложат, Mozilla Firefox е "must have, must use" browser.
Клиент за е-пошта
Моj фаворит е Mozilla Thunderbird. Зависно од вашиот вкус, вие ќе си го одберете вашиот.
IRC клиент
- X-Chat
- Konversation
- KSirc
Instant Messaging клиент
Gaim и Kopete речиси секогаш доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. За останатите две веројатно ќе треба да ги инсталирате самите вие.
Останати Интернет Алатки
- Kppp (алатка за Dial-up врска)
- KInternet
- KNet
- GFtp (FTP клиент)
- GnomeMeeting (апликација за интернет конференции)
Речиси сите апликации исто така доаѓаат стандардно со секоја дистрибуција. Често пати за остварување на Интернет врска (Dial-up, *DSL, Cable), дистрибутерите нудат свој софтвер.
Канцелариски Пакет
Најкористени и најпрепорачани канцелариски пакети се:
- OpenOffice.org (Најдобар досега)
- KOffice (Исто така солиден пакет)
Убедливо најдобар е OpenOffice.org пакетот, кој ги содржи сите потребни програми за уредување на текст, векторско цртање, презентации, дијаграми, математички формули. (Подржува и MS Office документи).
Графика
Колку што јас сум запознаен, GIMP е единствена (приближна) замена за PhotoShop. Конкуренција нема.
Мислам дека ова е доволно. Основните алатки ги наведов, а за останатите ќе мора малку да рагледате низ вашиот GNU/Linux систем (Mandriva и RedHat имаат огромен број на апликации). Најверојатно имам пропуштено некои, затоа подолу има простор за коментари, па дополнете ме.
Happy (easy) Linuxing!
3D Графика
Напреден програм за 3D моделирање. Скриптирањето е во Python со што достапни се многу скрипти, има добра документација, можности за анимација, алатка за создавање игри, итн.