Хаклаб/Мрежа: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 77: Ред 77:


== Fileserver ==
== Fileserver ==
Посебна страница за [[Хаклаб/Мрежа/Fileserver]]
Посебна страница за [[Хаклаб/Fileserver]]


== Jukebox ==
== Jukebox ==

Преработка од 21:33, 24 декември 2011

Упатство за фер користење на мрежата во хаклабот

Хаклабот располага со интернет достапен за сите, но за да остане корисен за сите што им треба, ова се неколку кратки совети, упаства и правила за користење.


Twitter

Кој прв влезе во хаклабот, е задолжен да твитне дека Кика е отворена.

Најлесно да го направиш тоа е да се најавиш на серверот (user: twit, pass: t), при што директно се влегува во апликацијата поврзана со twitter. Ја пишуваш пораката и стискаш Enter и статусот се објавува на официјалниот account на хаклабот (hints: левото windows копче менува латиница/кирилица, со стрелката нагоре може да се видат претходните twit-ови).

Twitter хеш таг е #skopjehacklab.

Wifi

Wifi мрежата е заштитена со лозинка (WPA-PSK) се додека не имплементираме поелегантно решение за отворена мрежа која не би се злоупотребувала (интернетот сепак ни е ограничен ресурс). Името на мрежата (ESSID) е kika. Лозинката ја пишува во Хаклабот.


IRC комуникација

Многу често ресурсите за кои се дискутира во хаклабот се копираат на IRC за да не се памтат, кажуваат и сл.

За таа цел го користиме IRC каналот #lugola на серверот irc.freenode.org.

Попознати irc програми се Konversation, Xchat, Pidgin и други, а ако немаш irc клиент можеш да го користиш и web пристапот до каналот.

IRC каналот се логира на http://irclogger.softver.org.mk/lugola/.


Debian & Ubuntu updates

За да се заштеди на симињање на истите работи од интернет во хаклабот имаме прокси за Ubuntu и Debian репозиторијата. За да го користиш проксито, употребувај ги следниве команди:

$ sudo -i
# export http_proxy=http://192.168.88.2:3142
# apt-get update
# apt-get upgrade

Ако некој пред тебе го надградувал, тебе ќе ти биде ептен брзо, ако некој после тебе надградува, нему ќе му биде брзо. А хаклабот ќе заштеди на правење непотребен сообраќај.

Мрежно boot-ирање

Мрежата во хаклабот е оспособена за мрежно бутирање (PXE). Ако го подесиш твојот компјутер да се подигнува од мрежа, ќе добиеш мени со можност да избереш меѓу:

  • Ubuntu 9.10 Live
  • Ubuntu 9.10 Netbook remix Live
  • Debian 5.0 installer
  • Ubuntu 9.10 installer
  • Memtest86+ V2.11
  • RIP-Linux 32-bit kernel
  • GParted Live

IPv6

Мрежата во Хаклабот овозможува да се сурфа на ipv6 интернетот.

Кога ќе се врзеш на мрежата во Кика ќе добиеш ipv6 адреса од рангот: 2001:5c0:1507:2500::1/64

Провери со:

$ ip addr | grep 2001
    inet6 2001:5c0:1507:2500:xxx:yyy:zzz:www/64 scope global dynamic 

Или во browser отвори го http://ipv6.softver.org.mk/


Squid

Посебна страница за Squid-от во хаклаб Хаклаб/Squid.

Avahi/Zeroconf/Bonjour

Fileserver

Посебна страница за Хаклаб/Fileserver

Jukebox

Посебна страница за џубоксот во Хаклаб Мрежа/Jukebox