Ian Jackson: Разлика помеѓу преработките
с (2 ревизии: initial) |
(нема разлика)
|
Последна преработка од 17:29, 29 јануари 2011
Ian W. Jackson е долгогодишен автор на слободен софтвер и негов развивач. Jackson ги има напишано Dpkg, SAUCE, userv и debbugs. Исто така долго време ги одржуваше датотеките со често поставуваните прашања за Linux. Моментално ја води chiark.greenend.org.uk, популарен сервер, дом на PuTTY меѓу другите работи.
Jackson е Д-р на универзитетот во Кембриџ и моментално работи во Canonical Ltd. Порано работел за nCipher Corporation.
Стана лидер на проектот Debian во Јануари 1998. Debian GNU/Linux 2.0 (hamm) излезе во тој период. Моментално е претседател на Техничкиот комитет на Debian. Ian беше и под-претседател и претседател на Software in the Public Interest во 1998 и 1999г. остана во бордот на директори.
Wichert Akkerman го зеде неговото место како лидер на проектот Debian во 1999г. Исто така одржувањето на проектот Dpkg му го предададе нему.