Vim

Од Сподели wiki
Преработка од 17:32, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (6 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Vim е напреден уредувач на текст кој ја нуди моќта на дефакто Unix уредувачот „Vi“, со покомплетен збир на карактеристики. Vim најчесто се вика „програмерскиот уредувач“ и е толку корисен за програмирање, што може да се смета за цела развојна средина. Сепак, не е само за програмери. Vim е совршен за сите видови на уредување на текст, од пишување на пораки за е-пошта до уредување на конфигурациски датотеки.

Оваа содржина ќе се обиде да Ви помогне да го инсталирате Vim на Ubuntu систем и да ви даде краток вовед во vim.

Инсталирање на vim

Верзијата за конзола од vim доаѓа инсталирана со повеќето дистрибуции на GNU/Linux. Сепак, ако преферирате да работите со vim базиран на графички интерфејс, инсталирајте го пакетот vim-gtk од Synaptic или со пишување во терминал:

# sudo apt-get install vim-gtk

Компајлирање на Vim

Ако ја сакате најновата верзија на Vim, можете да ја искомпајлирате самите од код. Симнете го од овде.

Краток вовед

vim е опширен за учење. Сепак, ако работата во vim Ви е комфорна, ќе бидете ефикасни во манипулацијата на текст со користење на одличните карактеристики на vim.

Во конзолата, vim можете да го стартувате со пишување на vim во терминалот или gvim за во графички режим. Треба да се појави празен екран со детали за vim. Сепак, секој обид да пишувате текст нема да успее! Тоа е поради најзбунувачката карактеристика за почетниците - режимите.

Режими

Една од најзбунувачките работи во vim е тоа што има четири режими.

  • Вметнувачки: За внесување текст
  • Команден: За извршување на команди. Исто, овој режим се вика и нормален режим.
  • „Ex“ режим: За пишување на команди со две точки.
  • Визуелен режим: За одбирање на текст визуелно.

Режимот за вметнување не е стандарден и мора да притиснете на i за да преминете во овој режим. Напишете некој текст во екранот. Притиснете го копчето <Esc> за да излезете од режимот на внесување и да влезете во командниот режим. Командниот режим се користи за движење наоколу и за манипулирање на текст. Визуелниот режим се користи за одбирање на текст. Притиснете на v за да влезете во тој режим и да одберите текст, потоа можете да извршувате команди кои ќе се применат врз избраното и притиснете <Esc> повторно за да се вратите во командниот режим. „Ex“ режимот се користи за извршување на команди со две точки, кои се користат за зачувување, пребарување и заменување и конфигурирање на vim. Зачувајте го текстот кој што го напишавте во vim со преминување на „Ex“ режимот со притискање на : од нормалниот режим и со пишување на :w име_на_датотека<Enter>. Излезете од vim со извршување на командата со две точки :q. Да резимираме:

  • vim (за стартување на vim)
  • i (за внесување на текст)
  • <пишувате текст>
  • <Esc> (да дојдете до командниот режим)
  • v (за да одберите текст)
  • <Esc> (назад во командниот режим)
  • :w име_на_датотека (за да го зачувате текстот со име „име_на_датотека“)
  • :q (за да излезите од датотеката)
  • :q! (за излез без зачувување)
  • vim име_на_датотека (за отворање на датотеката која што ја зачувавте во vim)

Сепак, vim најдобро се учи со користење. Можете набрзина да ги научуте основите на vim со користење на вградениот туториал за vim, со пишување на vim-tutor (vimtutor во некои дистрибуции). Пишувањето на :help во „Ex“ режимот е многу корисно.

Конфигурирање

vim е конфигурабилен уредувач и најдобро е да се конфигурира vim по свој вкус, бидејќи стандардно повеќето од интересните карактеристики се исклучени. Подолу е прикажана листа со датотеки за конфигурација, заедно со нивните упатства.

  • ~/.vimrc е конфигурациската датотека која се вчитува при подигнувањето
  • ~/.gvimrc е конфигурациската датотека на gvim која се вчитува при подигнување. Најдобро е овде да се менуваат исклучиво поставувањата кои се однесуваат на графичкиот интерфејс, бидејќи поставувањата овде ќе се поставад над тие од .vmirc датотеката.
  • ~/.vim/ е директориумот во кој што корисникот може да додава алатки-приклучоци, приклучоци за осветлување на синтаксата и приклучоци за вовлекување.

Осветлување на синтакса

Пуштањето на осветлувањето на синтаксата е едноставно.

Ако сакате да го овозможите осветлувањето за една сесија, можете да ја напишете командата со две точки:

:syn on

Осветлувањето може да се исклучи со командата:

:syn off

За да го направите осветлувањето трајно, секојпат кога ќе отворите датотека, додадете ја следната линија во vimrc:

syntax on

Овозможување на автоматско вовлекување

За овозможување на автоматското вовлекување, внесете ја следната команда со две точки:

:set ai

Кодот кој го внесувате ќе се вовлекува самиот. Ако не се вовлекува правилно, можете да земите приклучок за јазикот во кој што пишувате од страницата на vim.

За да го направите ова трајно, додадете ги следниве линии во vimrc.

filetype indent on
set audoindent

Пример на .vimrc датотека

Дадена е .vimrc датотека со основна конфигурација. Забележете ги знаците " кои претставуваат коментари.

" Turn on line numbering. Turn it off with "set nonu" 
set nu 

" Set syntax on
syntax on

" Indent automatically depending on filetype
filetype indent on
set autoindent

" Case insensitive search
set ic

" Higlhight search
set hls

" Wrap text instead of being on one line
set lbr

" Change colorscheme from default to delek
colorscheme delek

За оваа датотека можете да научите повеќе со разгледување на vimrc датотеката пример во /usr/share/vim/vim70/vimrc_example.vim. Можете да најдете повеќе детали на веб документацијата на vim.

Онлајн ресурси

Можете да најдете корисни информации за vim на следниве страници

  • Страницата на vim http://www.vim.org/ е местото каде што ќе најдете многу скрипти и приклучоци. Одделот за совети има RSS feed кој дава многу совети за vim.
  • Страницата на документацијата на vim http://vimdoc.sourceforge.net/ е централната локација за документацијата.