Automatix
Automatix претставува систем со графички интерфејс за инсталирање дополнителни софтверски пакети, кодеци, фонтови и комерцијални апликации за Ubuntu системите. Automatix има свои складишта од каде ги зема потребните пакети и ги разрешува зависностите кои ќе се појават при инсталацијата.
Automatix е корисна алатка за нови корисници, со оглед на тоа што Ubuntu поради проблеми со патенти не носи кодеци за одредени мултимедијални формати и слободната природа на системот не носи неслободни бинарни драјвери за одреден хардвер.
Опфатени софтверски типови
Automatix практично е скрипта за автоматска инсталација на:
- Мултимедија (кодеци, плеери, рипери, видео-editing)
- Firefox (со додатоци за мултимедиа, adobe acrobat, java)
- P2P (dc++, Limewire, emule)
- Најнови верзија на OpenOffice.org како и дополнителни делови од овој канцелариски пакет
- Апликации за интернет (аМСН, skype, gFTP, ....)
- Комерцијални апликации како Cedega, CrossOver office (trial) итн, Picassa, Google Earth, итн.
- Системски алатки
- Најнови драјвери за nVIDIA
- Алатки за компресија rar, zip, ace
- Неслободни фонтови
- Многу други алатки
Првата верзија беше за Ubuntu Breezy 5.10] па се до последната стабилна верзија на Ubuntu. Скриптата постојано се менува, и листата на софтвер кој го инсталира се зголемува. Креаторот на скриптата, постојано ја надградува со новите верзии на софтверите кои што се содржат во неа, затоа најдобро е да се инсталира најновата верзија на скриптата. Софтверот инсталиран во скриптата се брише преку графичкиот интерфејс туку тоа се прави со помош со посебно пропишани упатства(најчесто преку apt-get remove <software> или графичките интерфејси за apt-get).
Инсталација
..за Feisty
Од терминал извршете ги овие команди: (една по една!)
Прв чекор:
echo "deb http://www.getautomatix.com/apt feisty main" | sudo tee -a /etc/apt/sources.list
Втор чекор:
wget http://www.getautomatix.com/keys/automatix2.key
Трет чекор:
gpg --import automatix2.key
Четврт чекор:
gpg --export --armor E23C5FC3 | sudo apt-key add -
Петти чекор:
sudo apt-get update
Шести чекор:
sudo apt-get install automatix2
..за Edgy
Од терминал извршете ги овие команди: (една по една!)
Прв чекор:
echo "deb http://www.getautomatix.com/apt edgy main" | sudo tee -a /etc/apt/sources.list
Втор чекор:
wget http://www.getautomatix.com/keys/automatix2.key
Трет чекор:
gpg --import automatix2.key
Четврт чекор:
gpg --export --armor E23C5FC3 | sudo apt-key add -
Петти чекор:
sudo apt-get update
Шести чекор:
sudo apt-get install automatix2
..за Dapper
Од терминал извршете ги овие команди: (една по една!)
Прв чекор:
echo "deb http://www.getautomatix.com/apt dapper main" | sudo tee -a /etc/apt/sources.list
Втор чекор:
wget http://www.getautomatix.com/keys/automatix2.key
Трет чекор:
gpg --import automatix2.key
Четврт чекор:
gpg --export --armor E23C5FC3 | sudo apt-key add -
Петти чекор:
sudo apt-get update
Шести чекор:
sudo apt-get install automatix2
# wget http://beerorkid.com/automatix/automatix_5.7-3_i386.deb # sudo dpkg -i automatix_5.7-3_i386.deb
По инсталирањето, во GNOME менито ќе се појави икона на Automatix или во Kubuntu, KMenu -> System -> Automatix.
Одинсталирање
Во терминал емулатор(gnome-terminal) напишете:
# sudo apt-get remove automatix2
Напомена: На тој начин ја деинсталирате само скриптата, но не и софтверот што бил инсталиран со помош на скриптата.