Хаклаб/Дежурства

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општо

  • Дежурството не е опционо. Ако си долу на листата Дежурството е задолжително.
  • дежурен може да биде секој член на хаклабот;
  • дежурниот треба да го одржува редот во хаклабот;
  • дежурниот е одговорен за се што се случува во хаклабот;
  • дежурствата траат по една недела, а дежурниот мора да е присутен на сите настани таа недела;
  • доколку дежурниот не може да присуствува на некој настан, треба самиот да си најде замена;
  • лицето што ќе го заменува дежурниот, исто така мора да е член на хаклабот;
  • размената на клучеви и друга опрема се врши помеѓу тековниот и следниот дежурен без да се замараат останатите членови.

Одговорности на дежурниот

Одговорностите на Дежурниот се прости: објави-отвори-исчисти-затвори.

  • Да ги координира содржините за настаните што ќе се случуваат таа недела во Хаклабот;
  • На блогот да ги објавува најавите за настаните минимум еден ден пред настанот;
  • да се отвори навреме хаклабот (без разлика колку настани има во неделата);
  • да го исчисти (да го собере ѓубрето по масите, со метла да го смете подот, со џогер да го избрише подот);
  • да се твитне дека е отворен #хаклаб #skopjehacklab од твитер акаунтот; Заменето со shell(+node.js) скрипта.
  • да се напраи кафето и чајот;
  • да се затвори хаклабот и хаклабот да се остави во првобитната состојба;
  • по настанот да ги документира работите што се случиле во хаклабот таа недела во соодветниот ден(Прва помош, Програмски јазици, Сподели знаење)
  • да ги собере сметките за станот кои ќе ги најде доставени преку пошта и за тоа да го извести Миша по имејл.
  • да им објасни на сите нови посетители што се случува во хаклабот, да ги запознае со просторот/луѓето

Права на дежурниот

  • Дежурниот има право да обезбеди непречено функционирање на редовните активности

Горните работи се задолжителни.

Договарање на IRC или на некој друг начин да се отвори Хаклабот не е дежурство. Хаклабот мора да биде отворен за јавноста во термините за јавните настани (во моментов тоа се Понеделник/Прва помош, Четврток/Програмирање, Сабота/Сподели знаење).

Останатите часови може да се договараат по слободна воља или адхок за муабетење, сурфање, гледање документарци и рандом.

Известувања за дежурни

На јавниот календар „КИКА: Дежурства се обележани дежурните за наредните неколку недели. Листата треба да се апдејтува. За уредување додадени се сите тековни дежурни, ако има некој друг што би сакал да го уредува може да се пријави на IRC #lugola @ Freenode. Откако ќе го додадете календарот можете да си подесите автоматски да добивате известувања преку е-пошта или SMS пораки, во делот Notifications, во Google календар.

Распоред на дежурства

Ред бр. Дежурен бр. седмица Датум [од - до] Забелешка
1 Мите 20/2012 14.05.2012 - 20.05.2012
2 Горјан 21/2012 21.05.2012 - 27.05.2012
3 Дода 22/2012 28.05.2012 - 03.06.2012
4 Јованка (Гулич) 23/2012 04.06.2012 - 10.06.2012
5 Андреј Т. 24/2012 11.06.2012 - 17.06.2012 6 Миша 11/2012 12.03.2012 - 18.03.2012
7 Јованка (Гулич) 12/2012 19.03.2012 - 25.03.2012
8 13/2012 26.03.2012 - 1.04.2012
9 Стама 14/2012 2.04.2012 - 8.04.2012
10 Чомбе 15/2012 9.04.2012 - 15.04.2012
11 Дамјан 16/2012 16.04.2012 - 22.04.2012
12 Арангел 17/2012 23.04.2012 - 29.04.2012
13 Глиша 18/2012 30.04.2012 - 6.05.2012
14 Владан 19/2012 7.05.2012 - 13.05.2012