PHP
PHP доаѓа од PHP HyperText Pre-processor и е програмски јазик за на серверска страна. Ова значи дека посетителот отвара страна, серверот ги процесира/обработува РНР командите и го праќа резултатот до прелистувачот на клиентот. РНР е слободен програмски јазик, неговиот код е отворен и е мулти-платформски. РНР може да работи на Unix, Unix-оиди, GNU/Linux, Windows итн. Може да биде компајлиран со модул за Apache сервер и како бинарен за CGI.
Кога пишувате URL во полето за адреса во прелистувачот, барате од веб серверот на некој компјутер, да испрати датотека до прелистувачот на Вашиот компјутер. Ако таа датотека е HTML, тогаш таа изгледа исто и во прелистувачот и на серверот пред да ја испрати. По примањето, прелистувачот ги прикажува текстот, сликите и звуците. Во случајот со РНР страните, процесот е ист, само што има обработување пред серверот да го испрати документот. Тогаш серверот ги повикува скриптите кои се вклучени во страната.
PHP синтакса
PHP синтаксата е слична како синтаксата во C и Perl. Не мора да се декларираат променливи пред тие да се искористат. Лесно е да се направат низи хаш-асоцијативни низи. PHP има и некои рудиментирани објектно-ориентирани карактеристики, овозможувајќи лесно организирање и енкапсулирање на Вашиот код. Покрај основната синтакса, PHP носи и интерфејси за комуникација со други web страни, датабази, вкучувајќи ODBC, mySQL и други програмски јазици како Java и COM. PHP кодот влегува директно во web страната, па затоа не се потребни специјални развојни околини. Почнувате блок со <?php и завршувате со ?>. Напомена : Блокот можете да го започнете и со <? и завршите со ?>, за да не се мачите да пишувате на секое php
Примери за код
- Ова е обичен здраво свету програм
<html> <body> <?php $varijabilna = "Здраво, Свету“; ?> </body> </html>
- Овој код внесува фајл
<html> <body> <? include("ime_na_fajl.inc"); echo "Здраво, Свету"' ?> </body> </html>
- Код кој ќе Ви прикаже информации за името на серверот, верзијата на базата, верзијата на ПХП....
<html> <body> <? phpinfo(_); ?> </body> </html>
Што може PHP да направи за нас?
Има многу можности што може да ги искористиме од PHP. Можете да прикажувате дата и време и други податоци, да поставувате форми кои ќе ги пополнуваат посетителите, да пристапувате до 19 видови бази на податоци, да ги обработувате нивните податоци, да праќате е-пошта да работите со дискусиони групи.
Други можности што ги носи PHP
PHP e соодветен кога сакате да креирате динамички страни кога прелистувачот ќе побара страна. Пр. да прикажувате дата и време, да листате податоци од база... PHP нуди едноставно уредување на страната со можност да се направи покорисна за индивидуални корисници. Со него може да се поставуваат web страните, да се контролира автентикацијата и да се пренасочуваат корисници Една од најмоќните опции во PHP е пристапот до базите со податоци. Имате пристап до 19 видови бази и обработка на податоците
Креирајте листа на посетители, додајте thirt-party сервиси, сервиси кои нудат статистика за посетителите, колку пати Ве посетиле, од каде Ве посетиле. Со PHP вакви информации се тривијални. PHP нуди едноставно праќање e-mail-и, работа со newsgroup-и, отварање конекција со други web страни и вадење податоци од нив.
PHP комуницира со други програмски јазици како Java и COM интерфејси. PHP дозволува се! Од генерирање PDF до парсирање XML.