Упатство:Два системи на еден компјутер

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед

Ова е едноставно упатство за dual boot, кој треба да Ви помогне да можете да подигнете два системи на еден компјутер, пр. GNU/Linux дистрибуција и WinXP систем.

Потреби за партициите

  • /dev/hda1 Primary - WindowsXP - 3GB минимум
  • /dev/hda2 Primary - /boot - 32MB
  • /dev/hda3 Primary - swap - 2x ram
  • /dev/hda4 Extended - extended partition - максимална можна големина
  • /dev/hda5 Logical - / - 2.5GB минимум
  • /dev/hdax Logical - Било кој драјв(ови) кои сакате да постојат

На еден хард диск може да имате максимум четири примарни партиции (hda1, hda2, hda3, hda4). Extended partition е примарна партиција која содржи логички партиции (hda5, hda6, ...). Само една extended партиција е дозволена на single hard drive.

Започнување

Инсталација ако имате еден уред

Забелешка: Оваа инсталација бриши се од дискот

  1. Бутирајте живо CD од некоја дистрибуција
  2. Поставете ги партициите
    • Стартувајте го cfdisk, и уредете ги партициите (погледнете го упатството за големината на партициите)
    • Ако Windows е еден од оперативните системи кои сакате да инсталирате, оставете го Windows на првата партиција на дискот. (Windows сака да биде на врвот)

Инсталација со пре-инсталиран Windows систем

Забелешка: Ова е опасно, направете бекап на сите податоци. Исто така може да користите Partition Magic

НЕ користете PQBoot или пак следете ги упатствата за dual booting во Partition Magic (немојте да ги 'криете' партициите)

  1. Стартувајте го disk дефрагментерот на Windows, ова ја минимизира можноста од грешка при промена на големината на партицијата
  2. Подигнете GNU/Linux живо CD, Knoppix CDо или било кое живо CD кое содржи "ntfsresize"
  3. Пуштете го qtparted, и променете ја големината на партициите
  4. Партиционирајте го новиот слободен простор за системот за расположливите големини.

Инсталација со повеќе уреди

#:1 <-- type: 0 => linux, 1 => windows, 2 => other
rootnoverify (hd1,0) #Windows-от е втор, Linux-от е прв
makeactive
chainloader +1
map (hd0) (hd1) # Кажете му на првиот диск дека треба да биде прв
map (hd1) (hd0) # Кажете му на вториот хард диск да биде прв

Инсталирање на оперативните системи

  1. Инсталирајте го Windows-от прв (ако не е инсталиран, и сакате да стартувате Windows), инсталирајте го на првата партиција на дискот.
  2. Инсталирајте го GNU/Linux; следете го упатството за инсталирање за дадената дистрибуција;

Конфигурурање на Bootloader

Сега откако ги инсталиравте двата операивни системи, време е да го конфигурирате bootloader-от.

Lilo

Додадете ги следниве линии на код во /etc/lilo.conf:

other = /dev/hda1  # Партицијата и драјвот windows е на
       label = Windows # label за избраниот драјв
       table = /dev/hda # поставете го ова на драјвот windows 

Стартувајте го lilo:

$ lilo

Grub

Додадете ги следниве линии на код во /boot/grub/menu.lst:

# За бутирање на Windows NT или Windows95
title Windows
rootnoverify (hd0,0)
makeactive
chainloader  +1
# За стартување на DOS ако Windows NT е инсталиран
# chainload /bootsect.dos

Сега само рестартирајте го компјутерот за да ги смените оперативните системи

Сега завршивте со инсталацијата, треба да го рестартирате Вашиот компјутер и да обдерете оперативен систем од менито.

Забелешки

  • Windows треба треба да биде на примарната партиција; може да работи на логичка партиција, но не експериментирајте, може да загубите податоци.
  • НЕ СМЕ одговорни за било каква штета на податоците при извршување на горенаведените операции;

Потенцијални проблеми

  • When running off an IDE raid card you may experience problems, IDE raid cards are not well supported in linux, please check what cards are available in the kernel before you attempt to dual boot with an IDE raid card.

Врски