Упатство:Подесување на Вебкамера
Доколку ги користите gspca или spca5xx драјверите за вашата вебкамера, веројатно имате проблеми со боите, осветленоста, острината и др. Проблемот е во тоа што овие драјвери подржуваат стотици камери кои имаат различни вредности на бојата, светлоста и др. Некои програми како Camorama, Kopete, aMSN, Ekiga и др. нудат опции за подесување на параметрите на видеото, но не можат да ги зачуваат параметрите бидејќи немаат дозвола да ги променат параметрите на драјверот за камерата.
Решение
Бидејќи gspca и spca5xx се модули кои оперираат во јадрото, саканите параметри треба да се внесат во конфигурациските датотеки за модулите, во убунту тоа е:
/etc/modprobe.d/options
и може да варира зависно од дистрото. Прво треба да го исклучиме модулиот со внесување на
rmmod gspca или
rmmod spca5xx
зависно од модулот, а потоа го отвараме
/etc/modprobe.d/options
и внесуваме
options gspca GRed=400 GBlue=400 GGreen=400 OffBlue=-28 OffGreen=-28 OffRed=-28 gamma=6
каде што gspca ќе го замените со spca5xx зависно од модулот кој го користите. Потоа внесете
modprobe gspca
и проверете дали видеото е добро, доколку не е добро сменете ги бројните вредности како ви одговара каде што
gamma = 0 до 7 GRed, GBlue, GGreen 0 до 512 и OffBlue, OffGreen, OffRed = -128 до 128
Со ова би требало да имате добра слика во секоја апликација.