НСНД

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

НСНД (Ништо нема да се случи или оригинално Nista se nece dogoditi) е името на серија настани кои изминативе години ги собираат хакерите и технолошките ентузијасти од регионот на неформално дружење. Настаните се замислени како неконференции без однапред одредена програмa. Види: [анти-конференции](http://en.wikipedia.org/wiki/Unconference)

Програмата се дефинира на лице место, откако сите учесници ќе се претстават и ќе понудат теми на кои би можеле да зборуваат.

НСНД настаните се забавни, неформални, отворени за сите ентузијасти и бесплатни. Главната цел е дружење и меѓусебно запознавање на луѓето од регионалните заедници, а притоа и споделување на искуства и знаења на било која тема. Позади организацијата стојат локалните заедници на хакери, слободен софтвер и сл.