Pacman

Од Сподели wiki
Преработка од 17:31, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (3 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Pacman е алатка која се справува со пакетите во Arch. Користи едноставни компресирани архиви како формат за пакетите и база со текстуални описи за пакетите.

Оваа алатка нема цел да се справи со се. Ќе инсталира, отстрани и ажурира пакети на системот, и ќе дозволи да пребарувате за инсталирани пакети или пакети кои сакате да ги инсталирате, како и нивните сопственици на системот. Исто така се стреми да ги реши зависностите автоматски и може да симне пакети од оддалечени сервери на Интернет.

Иако справувањето со пакети само по себе е едноставен процес, Pacman доаѓа со скрипти кои помагаат за автоматизација, изградба и инсталирање на пакети. Ова се користи екстензивно со ABS - Arch Build System, систем за интсалирање на софтвер сличен на BSD-овиот 'ports'.

Од верзија 2.0, pacman може да ги синхронизира пакетите со главниот сервер. Може да користите 'current' или 'stable' дрво или да се „заклучите“ исклучиво кон одредена верзија. Повеќе за ова во помошната страна на Pacman (man pacman) за --sync операцијата.

Користење

Pacman комбинира бинарни пакети и систем за градење на пакети кој е лесен за користење (man makepkg и ABS). Pacman овозможува лесно да се справите со пакети, без разлика дали тоа се од официјалните складишта или од надворешни. Моделот на сервер/клиент дозволува да симнувате и инсталирате пакети со една команда, со инсталирање на зависностите (слично на Debian-овиот apt-get).

Синхронизирање на базата

Потребно е често базата да се синхронизира со пакетите кои се на складиштата што ги користите. Тоа е синхронизирање на базата:

# pacman -Sy

или

# pacman --sync --refresh

Командите се за иста цел, користете една од нив. По ова ги имате последните мета информации за пакетите во складиштата.

Пребарување пакети во складиштата

# pacman -Ss <име_на_пакет>

пример, пребарајте во базата на складиштата дали има пакети со име 'amarok':

# pacman -Ss amarok

Инсталирање на пакети

Откако ќе го најдеме точното име на пакетот, ја користиме командата за нивно инсталирање:

# pacman -S amarok-base

Ова ќе повлече зависност и за 'amarok-engine-xine'. Ако сакате да го инсталирате пакетот 'amarok-base' ќе мора да го инсталирате и предложениот зависен пакет.

Може да инсталирате и повеќе пакети со една команда:

# pacman -S amarok-base kaffeine

По што ќе се повлечат сите зависности и за двата пакети.

Исто така може да инсталирате пакети само од конкретно складишта:

# pacman -S extra/име_на_пакет
# pacman -S testing/име_на_пакет

Ова е корисно ако сакате да тестирате пакети или ако има две различни верзии во различни складишта кои вие ги користите.

Отстранување пакети

Отстранувањето може да се изведе на неколку начини?

  • отстранување без зависностите:
# pacman -R amarok-base 

Ова ќе го инсталира 'amarok-base' но ќе го остави 'amarok-engine-xine'.

  • отстранување сосе завсности:
# pacman -Rs amarok-base

Со ова ќе се одинсталира и amarok-engine-xine.

# pacman -Rd amarok-base

Ќе се одинсталира пакетот 'amarok-base' и Pacman воопшто нема да провери за евентуални зависности.

Надоградување на системот

Најлесно и наједонставно системот може да се ажурира со командата:

# pacman -Syu

Со ова, се синхронизира базата на пакети и се нудат достапните надоградби за инсталација.

Пребарување на инсталирани пакети

Пакетите кои се инсталирани на системот може да се пребаруваат со:

# pacman -Qs amarok-base

По што ќе се претстават сите пакети кои го содржат 'amarok-base'.

Повеќе информации за него можете да добиете со:

# pacman -Qi <за_пребарување>

или ако го знаете точното име на пакетот:

# pacman -Si <име_на_пакет>

Ако сакате да проверите на кој пакет припаѓа некоја датотека:

# pacman -Qo <име на датотека>

Останати можности

Симнување на пакет без инсталирање

# pacman -Sw <име_на_пакет>

Инсталирање на локален пакет

# pacman -U /home/user/packagename.pkg.tar.gz

Чистење на кешот со пакети

За чистење на стари пакети:

# pacman -Sc

За целосно чистење:

# pacman -Scc