Synaptic

Од Сподели wiki
Преработка од 19:09, 17 мај 2006; направена од 80.77.148.73 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слика од екранот на Синаптик.

Синаптик (анг. Synaptic) е компјутерски програм кој претставува GTK+ верзија на Advanced Packaging Tool програмата за Debian GNU/Linux системот за управување со пакетите. Синаптик обично се корисите на системи базирани на deb, но може исто така да се користи на системи базирани на rpm пакети. Развојот на Синаптик го финансирала Конектива, која побарала од Алфредо Коџима, тогашен вработен во Конектива, да напише графичка верзија за apt, кој ја продолжил работата започната со правењето на apt-rpm. Покасно Синаптик почнале да го користат во инсталацискиот процес од страна на Конектива. Густаво Нимајер исто така има работено во развојот на Синаптик. Во моментов овој проект го одржува Мајкл Вогт.

Користење

Synaptic се стартува од System-> Administration -> Synaptic Package Manager или преку терминалот со испишување:

 sudo synaptic

Забележете дека Synaptic бара root привилегии.

Работата со Synaptic е прилично интиутивна и се сведува на кликнување и одбирање на пакетот кој ви е потребен.

Пакетите се поделени во категории во зависност од намената која ја имаат.

Надворешни врски