Ubuntu
Вовед
Ubuntu е GNU/Linux дистрибуција базирана на Дебиан. Проектот е спонзориран од Canonical Ltd. Првата стабилна верзија беше издадена во октомври 2004. Од тогаш па натаму Ubuntu стана една од најупотребуваните GNU/Linux дистрибуции.
Дистрибуцијата доаѓа во жива(live) или инсталациона верзија. Може бесплатно да се симне или да се нарачаат бесплатни ЦД-ња од страната за нарачка. Ubuntu е слободна и бесплатна дистрибуција и содржи само слободен софтвер, а поддршката за Ubuntu може да биде комерцијална или да се добие од заедницата. Стандардна работа околина на Ubuntu е GNOME. Постојат повеќе подпроекти на Ubuntu, кои нудат различни сетови на програми, различни работни околини и слично. Најпопуларни се:
- Kubuntu - верзија на Ubuntu која користи KDE работна околина,
- Xubuntu - верзија на Ubuntu која користи XFCE, кој пак е препорачлив за машини со послаби перформанси и за оние кои сакаат едноставност.
- Edubuntu - верзија на Ubuntu наменета за училиштата. Оваа верзија на Ubuntu доаѓа со сет на програми соодветни за образовнието.
Име
Името Ubuntu потекнува од африканскиот збор „Ubuntu“ кој во превод би значел “Човечност кон другите“. Друг превод би бил „верување во универзална врска на споделување што го поврзува човештвото“.
Верзии
Досега се издадени 5 стабилни верзии на Ubuntu:
- 4.10 - Warty Warthog (Октомври 20, 2004).
- 5.04 - Hoary Hedgehog (Април 8, 2005).
- 5.10 - Breezy Badger (Октомври 13, 2005).
- 6.06 LTS - Dapper Drake(Јуни 1, 2006).
- 6.10 - Edgy Eft (Октомври 26, 2006).
Нова верзија на Ubuntu обично излегува на секои 6 месеци. Исклучок е Dapper Drake 6.06 LTS (Long term support) кој што беше одложен неколку месеци и кој што ќе нуди зголемен период на поддршка, 3 години за верзијата за работни станици и 5 години за верзијата за сервери.
Следно: Ubuntu инсталација
Поврзано: Неофицијален водич за Ubuntu Dapper Drake