Емулатор на терминал
Емулатор на терминал, терминална апликација, терм или скратено tty, е програма која емулира терминал на нечиј видео излез. Иако често се користат синоними како командна линија, школка или текстуален терминал, терминот терминал ги покрива сите оддалечени терминали, вклучувајќи ги и графичките интерфејси. Емулаторот на терминал во самиот графички кориснички интерфејс често се нарекува прозорец за терминал.
Прозорецот за терминал овозможува пристап до текстуалниот терминал од страна на корисникот и сите апликации кои се достапни за интерфејсот на командната линија (CLI), како и текстуалните апликации. Овие програми можеби работат на иста машина или на различна преку telnet, ssh или dial-up. На Unix-оидните оперативни системи, вообичаено е да имате еден или повеќе терминални прозорци поврзани со локалната машина.
Терминалите често поддржуваат множество на escape (?) секвенци за контролирање на бои, позиција на курсор, итн.
Програми кои овозможуваат форма на оддалечен пристап за терминална емулација под Windows се HyperTerminal и Microsoft-овиот telnet клиент, исто како и некои надворешни апликации, иако тоа не е класичен случај на поврзување на терминалот со корисникот, поради природата на самиот Windows систем.
Софтвер
Програми под GNU/Linux наменети за емулација на терминал и кои најчесто се користат под различни работни околини се:
- Gnome-terminal - емулатор на терминал за GNOME
- Konsole - емулатор на терминал за KDE
- Xfce-terminal - емулатор на терминал за Xfce
- xterm
- aterm
- rxvt
- mrxvt
- wterm
- SwitchTerm
- TeemTalk