Предлог програма за СподелиЗнаење
Забелешка: СподелиЗнаење во моментов (2007 есен-зима) не се одржува бидејќи нема каде. Се надеваме дека наскоро ќе продолжи .
Како
- Овде можете да напишете што сакате да видите на Сподели знаење
- Можете да се пријавите со некоја презентација, демонстрација, работилница, или пак серија на предавања за програмирање во некој програмски јазик.
Сесии
- Флешување на Linksys WRT-54GL со DD-WRT или со OpenWRT (done)
- Мозила Фајрфокс како алатка за развој на веб апликации
- Drupal with community driven websites , платформа за управување со содржини
- Qt4 (предлог од: gemidjy), можам да спремам општо за новите работи во Qt4 (со мал вовед во Qt), и да направиме заедно некое апликацивче.
- KDE4, какоДа: инсталирате, конфигурирате и тестирате KDE4 (or: како да помогнете во развојот на KDE4 со пријавување на грешки во
третатабета верзиите) - Мрежно бутирање (PXE) на Linux работни станици - Дамјан знае да го направи ова, и веројатно ќе го правиме во соработка со ИКТ комора која ќе обезбеди мрежа компјутери и ресурси.
- Централизиран user management во Gnu/Linux мрежа - пандан на Active Directory.. ќе видиме кој ќе го прави ова.
- Пиратска работилница: како да направиш торент и да го seed-уваш. како да рипуваш двд кое е заштитено. ... ?
- Пуштање на софтверот од пиом на GNU/Linux со помош на Wine (проверено е дека може да се инсталира .NET 1.1 и дека можат да се пуштаат .NET апликации со применување на неколку дополнителни чекори - http://appdb.winehq.org/objectManager.php?sClass=version&iId=4278&iTestingId=12654 - треба да се проба!).
(преземање на софтверот: http://www.piom.com.mk/UploadFiles/344_MPPP_kl_nadgradba_v_1.91.zip)
Понуда и побарувачка
Овде можете да запишете што знаете и можете да споделите и што сакате да дознаете на споделувањето знаење. :)
Новица
Знае: трикови преведување на мозила, корисни за регрутирање на нови преведувачи и полно приказни за слободен софтвер и слободна култура, друпал, вордпрес (и подкасти), вики(педија) и уште по нешто.
Сака да дознае: како да го пушти софтверот од пиом во линукс, како да инсталира и проработи openerp (tinyerp) во убунту.
Дамјан
Знае: CouchDB, MySQL, OSPF и рутирање, компајлирање (кернел и све останато), билдање сопствени OpenWRT image-и.
Сака да дознае: како да го користи GIT за све (advanced git), да користи R
Миша
Знае: Wordpress, MoinMoin, IPCop и приказни за слободен софтвер и слободна култура.
Сака да дознае: како да користи Python во секоја можна пригода; користење на Gnu/Linux надвор од десктоп: мобилни уреди, гејтвеи, NAS... ; да компајлира и одржува кернел прилагоден за својот лаптоп.