Хаклаб/Проекти/LED Cube

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што ?

Вики страница поврзана со изградбата на LED Cube проектот. На крај треба да добиеме вакво нешто : http://www.youtube.com/watch?v=6mXM-oGggrM&feature=player_embedded

Хардвер / софтвер

Ќе ја користиме шемата и реализацијата која што може да се најде на http://www.instructables.com/id/Led-Cube-8x8x8/ поради тоа што е добро оформена и добро осмислена. Доколку има потреба ќе ја менуваме along the way.

Софтверот ќе го пишуваме сами.

Компоненти

Компоненти кои што ни требаат :

LED диоди

512 x Плави ЛЕД диоди - дифузирани - нарачано и пристигнато од Кина.

Логика за мултиплексирање

8 x 8-битни бафери со лач меморија - 74HC574 - Набавено 10 парчиња

1 x 3-to-8 multiplexer - 74HC138 - Набавено 2 парчиња

64 x Отпорници за х.матрица - 180оми - Набавено 80 парчиња

16 x 2n2222 транзистори

16 x отпорници за база на тран. - 1k

10 x .1uF кондензатори за напонско стабилизирање на uC-ата - Набавено 10 парчиња

8 x Pull-UP оптпорници - Нахнадно ќе се пресмета

10 х 20DIP за бафери - Набавено

2 х 16DIP за мултиплексерот - Набавено

Контролна логика

1 x Микроконтролер - AtMega328 - Набавено

Плочки и остало

1 x Иверица за подлога

1 x плексиглас за оклоп (?)

Буџет / финансии

Платено по 200 денари Дамјан и Алекс.

2000 денари - 1000 плави ЛЕД диоди.

Луѓе

N/A yet.

План за изработка

- Изработка на самата коцка

-- Изработка на подлога за лемење на диодите - дводимензионална матрица на парче од иверка или некој друг материјал

-- Тестирање на диодите за еднавост во светењето (нема сите од 1000 што ги зедовме да светат исто, мора да се тестира)

-- Лемење на диодите во спратови и повторно тестирање

-- Составување на спратовите во тродимензионална матрица - коцка

-- Изработка на подлогата на матрицата (иверка или друг материјал)


- Изработка на мултиплексорската плочка за мултиплексирање на сигналите од контролната плочка

-- Тестирање на излезните отпорници за најдобар однос сјај/струја на диодите

-- Распоредување и лемење на самите компоненти на плочките (ќе користиме растер - прото плочки)

-- Распоредување и лемење на конекторите за комуникација со диодите како и со контролната плочкa


- Изработка на контролната плочка - микроконтролерот и периферија

-- Одбирање на соодветен микроконтролер

-- Распоредување и лемење на самите компоненти + конектори


- Изработка на софтверот за микроконтролерот

-- Изработка на алгоритамот како и самата функционалност на микроконтролерот (дали ќе ги пренесува само информациите од PC-то или пак ќе врши некои *паметни* одлуки како и процесирање на податоците)

-- Пишување, тестирање и дебагирање на софтверот


- Изработка на софтверот за PC

-- Наоѓање на лесен начин на цртање/анимирање/прикажување на креациите на коцката, ова може да го правиме со веќепостоечките софтвери за 3Д моделирање или пак ние да си направиме наш.

-- Пишување, тестирање и дебагирање на софтверот


- Putting it all together

-- Изработка на кукиште од проѕирен материјал (плексиглас ?)


- ?????


- PROFIT