Хаклаб/Температура

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во Хаклаб во секоја соба има DS18B20 one wire температурни сензори. Ардуино ги отчитува, од ардуиното на сериска порта ги чита компјутер со python и ги праќа на cosm.com да се графираат.

Графиците се на https://cosm.com/feeds/64655


Хардвер

Во секоја соба одат по две жици. Едната е GND другата е data. DS18B20 се напојуваат паразитивно од data линијата.

Помеѓу 5V на ардуиното и data линијата (pin 10) има отпорник од 4,7KOhms како pull-up.

Дополнително да не трошиме Ардуино ќе направиме плочка на која ќе го врземе само ATMEGA168 чипот. Еве ја шемата https://github.com/AleksMK/temperature-interface

Софтвер

Ардуиното ги чита сите сензори кои се закачени и ги чува вредностите што последно ги прочитал и кога на сериска порта ќе добие 1 бајт ги враќа вредностите.

Кодот кој работи на ардуиното: https://gist.github.com/3024897#file_arduino_ds18b20.c

На компјутер работи python кој на 15 минути ги чита вредностите и ги праќа на cosm. Python кодот е исто на gist https://gist.github.com/3024897#file_readout_tocosm.py