Хаклаб/Дежурства
Општо
- Дежурството не е опционо. Ако си долу на листата Дежурството е задолжително.
- дежурен може да биде секој член на хаклабот;
- дежурниот треба да го одржува редот во хаклабот;
- дежурниот е одговорен за се што се случува во хаклабот;
- дежурствата траат по една недела, а дежурниот мора да е присутен на сите настани таа недела;
- доколку дежурниот не може да присуствува на некој настан, треба самиот да си најде замена;
- лицето што ќе го заменува дежурниот, исто така мора да е член на хаклабот;
- размената на клучеви и друга опрема се врши помеѓу тековниот и следниот дежурен без да се замараат останатите членови.
Одговорности на дежурниот
Одговорностите на Дежурниот се прости: објави-отвори-исчисти-затвори.
- Да ги координира содржините за настаните што ќе се случуваат таа недела во Хаклабот;
- На блогот да ги објавува најавите за настаните минимум еден ден пред настанот;
- да се отвори навреме хаклабот (без разлика колку настани има во неделата);
- да го исчисти (да го собере ѓубрето по масите, да се избришат масите, со метла да го смете подот, со џогер да го избрише подот);
- да се твитне дека е отворен #хаклаб #skopjehacklab од твитер акаунтот;
DEBUGING: Заменето со shell(+node.js) скрипта. - да се напраи кафето и чајот;
- да се затвори хаклабот и хаклабот да се остави во првобитната состојба;
- по настанот да ги документира работите што се случиле во хаклабот таа недела во соодветниот ден (Прва помош, Програмски јазици, Сподели знаење)
- да ги собере сметките за станот кои ќе ги најде доставени преку пошта и за тоа да го извести Миша по имејл.
- да им објасни на сите нови посетители што се случува во хаклабот, да ги запознае со просторот/луѓето
Права на дежурниот
- Дежурниот има право да обезбеди непречено функционирање на редовните активности
Горните работи се задолжителни.
Договарање на IRC или на некој друг начин да се отвори Хаклабот не е дежурство. Хаклабот мора да биде отворен за јавноста во термините за јавните настани (во моментов тоа се Понеделник/Прва помош, Четврток/Програмирање, Сабота/Сподели знаење).
Останатите часови може да се договараат по слободна воља или адхок за муабетење, сурфање, гледање документарци и рандом.
Листа на дежурни
Доколку не сте во можност да бидете дежурни повеќе од 2 недели за дежурство запишете во забелешка и објавете на мејлинг листата. Доколку сакате да се додадете пишете на мејлинг листа.
Листа на дежурства
Ова е автоматски генерерирана листа на дежурни со две ротации, доколку не сте во можност да бидете дежурни некоја недела или ден запишете во забелешка и пишете на мејлинг листа. Доколку сте дежурен во вашиот google calendar е вметнат нов календар насловен „Хаклаб: Дежурства“ со настан за деновите кога сте дежурни. Поставете ги известувањата за да бидете навреме известени.
Ред бр. | Дежурен | Забелешка |
---|---|---|
1 | Андреј Т. | |
2 | Дода | |
3 | Дамјан | |
4 | Глиша | |
5 | Никола |
Ред бр. | Дежурен | Датум [од-до] | Забелешка |
---|---|---|---|
1 | Андреј Т. | 2015-04-06 - 2015-04-12 | |
2 | Дода | 2015-04-13 - 2015-04-19 | |
3 | Дамјан | 2015-04-20 - 2015-04-26 | |
4 | Глиша | 2015-04-27 - 2015-05-03 | |
5 | Никола | 2015-05-04 - 2015-05-10 | |
6 | Андреј Т. | 2015-05-11 - 2015-05-17 | |
7 | Дода | 2015-05-18 - 2015-05-24 | |
8 | Дамјан | 2015-05-25 - 2015-05-31 | |
9 | Глиша | 2015-06-01 - 2015-06-07 | |
10 | Никола | 2015-06-08 - 2015-06-14 |