Важни настани за слободниот софтвер во Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 70: Ред 70:


Во просториите на Акцент компјутери се одржа вториот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Се преведуваа околините за десктоп KDE и GNOME. Најдобрите пет преведувачи како награда добија маици.
Во просториите на Акцент компјутери се одржа вториот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Се преведуваа околините за десктоп KDE и GNOME. Најдобрите пет преведувачи како награда добија маици.


=== 2 септември 2003 година ===
=== 2 септември 2003 година ===
Ред 87: Ред 86:
=== 25 октомври 2003 година ===
=== 25 октомври 2003 година ===


Поради технички проблеми затворена беше поштенската листа [LUG]. Нејзините архиви сега живеат само на некои домашни дискови. Отворена беше листата [ http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members|\[ossm-members\]] која постои и денес.
Поради технички проблеми затворена беше поштенската листа [LUG]. Нејзините архиви сега живеат само на некои домашни дискови. Отворена беше листата [http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members|[ossm-members]] која постои и денес.


=== 3 ноември 2003 година ===
=== 3 ноември 2003 година ===


Објавени беа првите стабилни преводи на пресистувачот Mozilla Firebird и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird. По двата маратони и локализацијата на овие две апликации, корисниците на компјутери во Р. Македонија за прв пат можеа да користат оперативен систем на македонски јазик.
Објавени беа првите стабилни преводи на пресистувачот Mozilla Firebird и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird. По двата маратони и локализацијата на овие две апликации, корисниците на компјутери во Р. Македонија за прв пат можеа да користат оперативен систем на македонски јазик.
Ристе Пејов го објави MKConvert0.2, макро за OpenOffice.org кое овозможува конверзија на документи од YUSCII во македонска кирилица.


=== 14-16 ноември 2003 година ===
=== 14-16 ноември 2003 година ===
Ред 105: Ред 107:
=== 3 декември 2003 година ===
=== 3 декември 2003 година ===


Владата на Р. Македонија потпиша стратешко партнерство со Мајкросфт.
Владата на Р. Македонија потпиша стратешко партнерство со Мајкросфт. Поголемиот дел од настаните поврзани со договорот се документирани во текст на Новица Наков достапен тука: http://www.softver.org.mk/novica-files/tekstovi/softverska_nevinost.html.


== 2004 година ==
== 2004 година ==

Преработка од 00:14, 7 јуни 2007

Овој документ содржи датуми на поважните настани кои се повразни со Слободен софтвер Македонија, заедницата на корисници на слободен софтвер во Република Македонија и слични/поврзани активности. Ако знаете нешто плус или забележите дека некаде има грешка, додајте ги тие информации.

2002 година

07 јули 2002 година

Првиот состанок во Градскиот парк во Скопје. Присуствуваа повеќе луѓе, меѓу кои Иван Стојмиров, Арангел Ангов, Новица Наков, Златко Трајчески, Благоја Ѓаковски, Дарко Стојчев, Дамјан Георгиевски и Георги Станојевски.

09 јули 2002 година

Два дена подоцна, на тогашниот сервер на http://www.linux.net.mk почна да работи првата поштенска листа. Листата го носеше името [LUG] и беше достапна на http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug.

07 септември 2002 година

На конференцијата ExpoCom, David Sugar од Free Software Foundation го одржа првиот јавен говор за слободен софтвер во Р. Македонија.

16 септември 2002 година

Во порака до листата [LUG] Арангел Ангов испраќа алфа верзија на статутот на организацијата за која тој предлага таа да го носи името „Слободен софтвер Македонија“.

21 септември 2002 година

Своето искуство за движењето за слободен софтвер во Р. Македонија David Sugar го раскажува за Linux Journal: http://www.linuxjournal.com/article/6336.

28 октомври 2002 година

Се одржа основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија. Собранието се одржа во тогашниот „Пингвин Паб“ карши автобуската станица „Рекорд“ во Скопје. Присутни беа 15 основачи. Беше изгласан првиот статут на организацијата и првото раководство. За претседател беше избран Иван Стојмиров. Во управниот одбор членуваа уште и: Александар Ников, Арангел Ангов, Васко Митанов, Дамјан Георгиевски, Дарко Стојчев и Игор Петрески.

12 ноември 2002 година

Златко Трајчески ја направи конечната верзија на логото на „Слободен софтвер Македонија“ по идеја на Новица Наков. Логото е гулаб кој во средина има единици и нули наредени во круг. Гулабот ја означува слободата, единиците и нулите го означува софтверот, а кругот го означува сонцето, така - Слободен софтвер Македонија.

28 ноември 2002 година

Во регистарот на здруженија на граѓани и фондации под Рег.Бр. 1436 се запишува здружението на граѓани Слободен софтвер Македонија.

Здружението на граѓани стекнува својство на правно лице и може да започне со работа.

14-15 декември 2002 година

Се одржа првиот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Крајниот резултат беше целосно локализиран OpenOffice.org верзија 1.0 со што компјутерските корисници во Р. Македонија за прв пат добија канцелариски пакет на македонски јазик кој може да се користи на било кој оперативен систем. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2002/.

2003 година

5 април 2003

Лансирана е нова веб страница на Слободен софтвер Македонија. Софтверот за страницата во PHP го напиша Георги Станојевски.

17-18 април 2003 година

На саемот Инфоком Слободен софтвер Македонија бесплатно дистрибуираше 500 дискови со OpenOffice.org преведен на македонски јазик и памфлети за слободен софтвер. Ристе Пејов одржа две презетнации за локализираниот слободен канцелариски пакет.

18 април 2003 година

Се емитуваше првата емисија за слободен софтвер на Македонското радио. За жал серијалот што требаше да се емитува секој петок траеше само неколку недели.

28 април 2003 година

Веројатно за прв пат на телевизиските канали, во емисијата Хоризонт на А1 телевизија, имаше дел посветен на слободниот софтвер.

8 мај 2003 година

Во хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ се одржа промоција на хрватскиот Говорен Линукс за слепи. За него говореше Данко Ботурац. Ристе Пејов од Слободен софтвер Македонија говореше за слободниот софтвер.

17 мај 2003 година

Слободен софтвер Македонија за прв пат го напушта Скопје. Во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп се одржува презентација за слободен софтвер и Linux.

14–15 јуни 2003 година

Во просториите на Акцент компјутери се одржа вториот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Се преведуваа околините за десктоп KDE и GNOME. Најдобрите пет преведувачи како награда добија маици.

2 септември 2003 година

Летото донесе полно новости во врска со активностите на Владата на Р. Македонија за потпишување на стратешко партнерство со корпорацијата Мајкрософт. Слободен софтвер Македонија на овој ден испрати соопштение до јавнсота со цел да информира за штетноста на еден ексклузивен стратешки договор со Мајкрософт. Соопштението беше испратено до сите медиуми. Неговиот одзив во јавноста беше скоро никаков. Делови од текстот се појавија само во неделникот „Капитал“.

4 септември 2003 година

На апелот за помош во врска со можниот договор со Мајкрософт испратен до меѓународната заедница за слободен софтверсе одзва Џон Хол, претседателот на Linux international. Писмото од Џон Хол стигна во Македонија на овој ден и истото беше испратено до Претседателот на Републиката, до Претседателот на Собранието, до пратеничките групи, и до Владата на Република Македонија

14 октомври 2003 година

Во јавноста се појави писмото на намери кое го потпишаа Владата на Р. Македонија и Мајкрософт.

25 октомври 2003 година

Поради технички проблеми затворена беше поштенската листа [LUG]. Нејзините архиви сега живеат само на некои домашни дискови. Отворена беше листата [ossm-members] која постои и денес.

3 ноември 2003 година

Објавени беа првите стабилни преводи на пресистувачот Mozilla Firebird и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird. По двата маратони и локализацијата на овие две апликации, корисниците на компјутери во Р. Македонија за прв пат можеа да користат оперативен систем на македонски јазик.


Ристе Пејов го објави MKConvert0.2, макро за OpenOffice.org кое овозможува конверзија на документи од YUSCII во македонска кирилица.

14-16 ноември 2003 година

Во Охрид, во организација на Метаморфозис, се одржа работилницата на тема „Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“.

Таму како претставник на Слободен софтвер Македонија презентација со наслов „Концептот на слободен софтвер и Македонија“ одржа Данко Илиќ.

28 ноември 2003 година

Иван Стојмиров, Дамјан Георгиевски и Новица Наков како претставници на Слободен софтвер Македонија за прв пат ја посетија Владата на Р. Македонија. На средбата со вице-премиерката Радмила Шекеринска тие ги претставија добрите страни на слободниот софтвер и се обидоа да ја убедат Владата да не потпишува стратешко партнерсво со Мајкрософт.

3 декември 2003 година

Владата на Р. Македонија потпиша стратешко партнерство со Мајкросфт. Поголемиот дел од настаните поврзани со договорот се документирани во текст на Новица Наков достапен тука: http://www.softver.org.mk/novica-files/tekstovi/softverska_nevinost.html.

2004 година

15 март 2004 година

Се формираше првата група на корисници на GNU/Linux од Македонија, конкретно од Битола - Лугола. Објавата е тука: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2004-March/000906.html.

23 септември 2004 година

Прославен е првиот ден на слободен софтвер на Битола, иако точниот датум е на 21 септември, поради координација со останатите прославата се случи тогаш. Овој настан беше една од помасовните промоции на Лугола и прв настан организиран од групата.

2005 година

16-19 септември 2005

Се одржа третиот преведувачки маратон. Целта беше преведување на OpenOffice.org верзија 2.0. Маратонот го организираа Слободен софтвер Македонија и фондацијата Метаморфозис. Крајниот резултат беше целосно локализиран графички интерфејс на OpenOffice.org верзија 2.0, како и дел од помошта. Во текот на наредните неколку месеци беше направен темелен преглед и лектура, така што се доби навистина квалитетен превод. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2005/.

2006 година

7 април 2006 година

Започнува со работа Вики за слободен софтвер, место кое треба да биде главен извор на знаење за корисниците на слободен софтвер од Македонија.

28-30 април 2006 година

Се одржа маратон за локализација на работната околина KDE во Битола, организиран од Лугола. На маратонот беа локализирани околу 21.000 низи.

2007 година